Колку чекори дневно се потребни за да слабеете без промена на исхраната?

Колку чекори дневно се потребни за да слабеете без промена на исхраната?

Одењето е најлесниот и наједноставниот начин за физичкa активност. Докажано е дека го подобрува расположението, го штити здравјето и помага во слабеењето и одржувањето на посакуваната телесна тежина. Одењето може и да придонесе за отстранување на килограмите без да ја менувате исхраната. Проверете колку чекори просечно правите и дали е тоа доволно за да ослабите.

1-doznajte-kolku-chekori-bi-trebalo-da-napravite-dnevno-za-da-oslabite-www.kafepauza.mk_

Неодамнешна студија покажала дека жените кои просечно прават по 3.520 чекори во текот на денот (што е околу половина час одење) изгубиле повеќе од 2 килограми во текот на годината без ниту малку да ги променат своите прехранбени навики. Исто така, штетното масно ткиво од стомакот им се намалило за 12%. За да дознаете дали правите доволно чекори за да слабеете, проверете во подолу наведените податоци во кои ви го претставуваме просечниот број на чекори за време на одење или изврпување домашни обврски.

По минути:

  • 1 минута – 118 чекори
  • 10 минути – 1.180 чекори
  • 30 минути – 3.540 чекори
  • 60 минути – 7.080 чекори

По километри:

  • 1,6 километри – 2.000 чекори
  • 4,8 километри – 6.000 чекори
  • 8 километри – 10.000 чекори
  • 12,9 километри – 16.000 чекори

Во извршување домашни обврски:

  • Купување – 67 чекори
  • Бришење на подот – 101 чекор
  • Чистење со правосмукалка– 94 чекори
  • Работа во градината – 89 чекори

Совет: Ситните промени во секојдневието може да ви помогнат да го зголемите бројот на чекори. Пред да заминете во шопинг, пешачете некое време во маркетот или шопинг центарот. На работното место користете го толаетот на вториот кат. Кога ги извршувате дневните обврски, паркирајте се на најоддалеченото место на паркингот и на најоддалечениот паркинг.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар