Постои непишано правило дека кога станува збор за пријателство, жените повеќе се согласуваат со други жени, додека пак, мажите со други мажи. Но постои и една мала група жени (и мажи), што подеднакво добро се согласуваат и со двата пола. Тие имаат подобро разбирање на човековата психа и зрачат со позитивна енергија каде и да одат. Во продолжение прочитајте зошто е добро да имате токму ваква жена во вашиот вашиот живот!
rn
1. Таа не држи лутина
rnЖената што добро се согласува со мажите, не се лути долго. Всушност, таа многу брзо ги заборава негативните работи бидејќи се фокусира на позитивните. Дури и ако сте ѝ згрешиле нешто, не треба да се плашите од одмазда, затоа што таа е тука за пријателство, не за драми и караници.rn
2. Таа има отворен ум
rnЖената што го поминува поголемиот дел од својот ден во машко друштво, има отворен ум кон животот, љубовта и односите. Таа ги прифаќа платонските врски меѓу мажите и жените, и ги цени различните перспективи што ги добива од големиот круг пријатели. Размислува јасно и рационално и затоа е од голема помош кога треба да донесете важна одлука.rn
3. Таа е весела
rnЖената што добро се согласува со мажите често е добро расположена. Таа позитивно размислува и не им дозволува на ситниците да ја извадат од такт. Важно е да имате вакви луѓе во својот живот, бидејќи кога ви е тешко, овие пријатели најдобро можат да ве потсетат дека имате многу работи за кои можете да се смеете.rn
4. Таа не се грижи за неважни ситници
rnОд неа нема да чуете трик прашања, ниту пак ќе трпите напади за употреба на „погрешни“ зборови. Наместо тоа, ќе премине директно на тоа што е важно. На овој начин создава проток на разговорот бидејќи не чува скриени намери во себе.rn
5. Таа сака да испробува нови нешта
rnЖените што имаат пријатели и од двата пола сакаат да стекнуваат искуства и да пробуваат нови работи. Тие сакаат да извлечат што повеќе од животот и нивната страст е зависна. Совршено е да имате вакви луѓе крај себе, бидејќи секојдневно ќе ви помагаат да се соочите со стравовите и да постигнете нешто ново.rn
6. Таа е енергична
rnЖените што имаат пријатели од двата пола се многу енергични. Тие секогаш се во центарот на вниманието и постојано прават нешто интересно и возбудливо. Оваа енергија е инспиративна и ќе ве поттикнува активно да ги следите своите соништа.rn
7. Таа е емотивно доследна
rnЖената што добро се согласува со мажите е многу емотивно доследна. Таа е стабилна, секогаш насмеана и општо задоволна од својот живот. Исто така, многу е силна, но само затоа што самата се охрабрува. Ја има контролата на среќата во своите раце и не дозволува никој да ѝ влијае.rn
8. Таа разбира како се чувствувате и не ви создава притисок
rnТаа разбира дека постојат нешта за кои не сакате или не треба да разговарате. Всушност, таа најверојатно ќе најде начин да ве разбере дури и без да ве праша што не е во ред. Жените што се согласуваат со мажите (и мажите што се согласуваат со жените), разбираат што се случува во главата на друг човек бидејќи се навикнати да ја гледаат ситуацијата од повеќе перспективи.
Прочитајте и за 10-те нешта за кои силните жени никогаш не се извинуваат!

