Науката открива: Луѓето со добра смисла за хумор умираат порано од останатите
Имате ли некој во друштво кој постојано ве забавува, кажува шеги и се однесува како комичар? Според неодамнешното истражување објавено во Меѓународното списание за кардиологија, колку сте посмешни и позабавни, толку поголема е веројатноста дека ќе го изгубите животот порано.
Истражувачите ја споредиле возраста на која починале три групи на луѓе: Актери кои глумеле во драми, актери кои глумеле во комедии и стендап комичари. Резултатите покажале дека стендап комичарите се изложени на два пати поголем ризик да починат помлади од останатите групи актери. Имено, стендап комичарите умираат во просек 2,5 до 3 години порано од актерите кои глумат во драми и 2 години порано од актерите кои глумат во комедии.
Шокантно е тоа што колку подобар комичар сте толку поголеми се шансите дека ќе го изгубите животот порано. Кај подобрите комичари шансите дека ќе починат на помлади години се 70% поголеми од оние кај полошите комичари.
Вреди да се спомене дека повеќето стендап комичари настапуваат и патуваат сами, така што депресијата не е ретка појава кај овие луѓе, а тоа доведува до сериозни здравствени последици.
Секако дека резултатите од ова истражување не треба да се земаат здраво за готово, но ако го земеме примерот на Робин Вилијамс и други комичари кои завршиле трагично, ќе дојдеме до заклучок дека можеби има некоја вистина во сето ова…
Доколку ве заинтересира оваа тема , прочитајте зошто мрачната смисла за хумор е знак за висока интелигенција.