Топ 5 водечки трендови за уредување на ентериерот за 2017-та година

Топ 5 водечки трендови за уредување на ентериерот во 2017-та година

Уредувањето на ентериерот е вистинска мала креативна авантура, особено кога тргнувате во нешто ново, поразлично, кога истражувате нови стилови и идеи како да го уредите вашиот дом. Ако во текот на оваа година сакате да го промените вашиот дом од корен, а барате нешто што е атрактивно и во тренд, тогаш погледнете ги овие топ 5 водечки трендови за уредување на ентериерот кој сигурно ќе ве инспирираат од вашиот дом да создадете совршено, удобно гнездо.

1-top-5-vodechki-trendovi-za-ureduvanje-na-enterierot-za-2017-ta-godina-www.kafepauza.mk_

1. Добро дојдовте на темната страна

Досега ги обожававме светлите, пастелни бои кога е во прашање уредувањето на домот, но оваа година ги менуваме правилата. Можете да ги задржите во одредена мера, но просторот збогатете го со длабоки, темни нијанси како што се црната или тегетот. И не, нема да изгледа темно и затворено. Напротив, просторот ќе добие длабочина и доза елегантност, а секако дека нема да ја бојадисате целата просторија во овие темни нијанси, туку ќе изберете само неколку детали, како што се на пример, кујнските предмети.

2-top-5-vodechki-trendovi-za-ureduvanje-na-enterierot-za-2017-ta-godina-www.kafepauza.mk_

2. Искористете ја бојата на годината!

„Greenery“ е бојата за 2017-та година и затоа, секако, мора да се најде во нашите домови во кој било облик. Секако, паметно е да изберете некои детали во оваа боја, како што е на пример некое парче мебел, бидејќи целата соба бојадисана во оваа темна нијанса не би била пријатна за одмор и опуштање. Сите нијанси на зелената ќе ја наполнат вашата енергија и ќе ја поттикнат вашата креативност.

3-top-5-vodechki-trendovi-za-ureduvanje-na-enterierot-za-2017-ta-godina-www.kafepauza.mk_

3. Дрво, дрво и уште повеќе дрво

Само замислете – целиот ѕид прекриен со дрво во некој кул дезен… Совршено! Секако, не морате да го прекриете целиот ѕид, туку може да се одлучите само за еден дел, а „таблата“ сама по себе може да биде одличен „аксесоар“ кога ќе посакате да направите нешто оригинално во домот. Совет плус – дрвото подоцна можете да го украсите со вашите омилени фотографии или други спомени и ситници.

4-top-5-vodechki-trendovi-za-ureduvanje-na-enterierot-za-2017-ta-godina-www.kafepauza.mk_

4. Куќичка на дрво внатре во домот

Ако сте немале куќичка на дрво како мали, сега е вистинското време да ја оживеете – во вашиот дом! Да, внатре. Значи, поентата е да создадете удобно, пријатно место кое ќе претставува ваше бегство од реалноста, а во тоа ќе ви помогнат деталите во вид на дрвени украси, зеленило, удобни и меки перници, свеќи, плетива… Создадете ја сами вашата совршена визија за куќичка на дрво.

5-top-5-vodechki-trendovi-za-ureduvanje-na-enterierot-za-2017-ta-godina-www.kafepauza.mk_

5. Разни комбинации

Не можете да се одлучите помеѓу „недовршениот“ ѕид од цигли, дрвениот под и ултра модерната металик техника? Па, не мора да изберете! Слободно комбинирајте ги бидејќи сега сето тоа е дозволено. Играјте си со боите, материјалите и текстурите, играјте си со стиловите и создадете простор на кој сите ќе ви завидуваат.

6-top-5-vodechki-trendovi-za-ureduvanje-na-enterierot-za-2017-ta-godina-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар