Момците откриваат: Што треба девојките да разберат за нив еднаш засекогаш?

Момците откриваат: Што треба девојките да разберат за нив еднаш засекогаш?

Сите знаеме дека мажите се од Марс, а жените од Венера и затоа нормално е тоа што не можеме секогаш да се разбереме, особено кога станува збор за љубовните врски. Недоразбирањата можат да предизвикаат многу проблеми во врската, па дури и да доведат до нејзиниот крај. За да не дојде до тоа, време е девојките конечно да ги разберат нивните партнери, а искрените размислувања на овие момци несомнено ќе им помогнат во тоа…

Момците откриваат: Што треба девојките да разберат за нив еднаш засекогаш?

Момците нема секогаш да го прават она што вие сакате да го правите

„Немам потреба да си го натрупувам слободното време со еден куп активности и ме нервира кога девојка ми ќе ми набие грижа на совест затоа што не сум сакал да правиме нешто заедно. Само затоа што и двајцата сме слободни во сабота, не значи дека треба целиот ден да го испланираме и да го поминеме заедно. Не ми пречи да правиме работи заедно, но сакам да одвојам време и за одмор и релаксација.“

„Попрво би скокнал од тераса отколку да го поминам слободното време со семејството на сестра ѝ и нејзините разгалени дечишта.“

Момците сакаат да поминуваат време сами

„Понекогаш имам лош ден и не можам да се расположам. Не знам дали некој може да го разбере тоа, но одвреме-навреме имам потреба само да седам и да не правам ништо. Тоа може да трае неколку часа или цела вечер, но навистина ми оди на нерви кога девојка ми се обидува да ми го реши проблемот. Нема што да се поправи, едноставно понекогаш сакам да се ’исклучам’ од светот, а таа не може да ме разбере.“

„Понекогаш сакам да поминам време сам еден час или два. Тоа не значи дека нешто не е во ред или дека сум лут. Едноставно ми треба време за да си ги наполнам батериите.“

„Мојата потреба да поминувам време сам постои откако знам за себе и нема никаква врска со девојка ми. Но, таа тоа го сфаќа лично и сосема погрешно ја разбира мојата потреба. Не може да разбере дека сакам да бидам сам со себе, а не далеку од неа.“

Момците го кажуваат она што го мислат

„Јас секогаш го кажувам она што го мислам, но девојка ми постојано се обидува да најде некое скриено значење во моите зборови. Таа секогаш заборава што сум кажал, но се сеќава на нејзиното толкување на моите зборови.“

„Сакам да ме разбере дека кога сум кажал нешто, нема шанси да го променам мислењето. Залудно се обидува да ме премисли.“

„Без разлика колку време сме заедно, жените секогаш мислат дека ќе се премислиме. Тоа многу ме нервира.“

Момците откриваат: Што треба девојките да разберат за нив еднаш засекогаш?

На момците не им требаат луксузни работи за да бидат среќни

„Сакам девојка ми да ме разбере дека не сакам огромни подароци за роденден или за годишнина. Едно обично ’Среќен роденден’ е доволно, но таа секоја година дава сѐ од себе за да ме воодушеви со подарокот и потоа се лути што не ја добила очекуваната реакција.“

Момците сакаат да се шегуваат

„Сакам да престане да ги сфаќа моите шеги премногу сериозно. Не сакам да се карам, но секогаш започнуваме караница затоа што нејзините чувства биле повредени од моите зборови што сум ги кажал на шега.“

Момците сакаат да им дадат до знаење на девојките колку многу им значат

„Мислам дека таа полека почнува да ме разбира, но јас навистина можам да се замислам со неа. Не сакам ова да биде од оние врски кога и двајцата вложуваме минимален труд само за да ја зачуваме хармонијата. Сакам да знае дека ќе се посветам целосно и ќе давам сѐ од себе, не затоа што тоа се очекува од мене, туку затоа што така сакам. Не ми е воопшто тешко да се грижам за неа и би сакал да го разбере тоа, а не да мисли дека ми претставува товар.“

Како што можете да забележите, мажите се многу директни и искрени суштества. Ако престанеме да размислуваме и почнеме да слушаме внимателно, можеби еден ден ќе можеме да се разбереме едни со други.

Девојки, доколку навистина сакате да го разберете вашиот партнер, прочитајте ги овие незабележливи начини на кои момците се обидуваат да комуницираат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар