Едноставна реченица од 2 збора што целосно може да ви го промени животот

Едноставна реченица од 2 збора што целосно може да ви го промени животот

Луѓето се навикнати да добиваат совети од друга личност, како и да ги даваат истите на некој друг, па изгледа затоа човечката психа преферира употреба на второ лице како средство за мотивација. Овој пат, станува збор за реченицата: „ТИ МОЖЕШ!“ Според научните истражувања, ова е подобар начин да се поттикнете самите, отколку да кажете: „Јас можам!“

Едноставна реченица од 2 збора што целосно може да ви го промени животот

На кој начин ова го подобрува вашиот досегашен перформанс? Луѓето преферираат да добиваат совети од друга личност, па затоа и за умот помоќно делува кога самите ќе си кажете „Ти можеш“, исто како некој друг да ви го кажал тоа. Охрабрувањето во второ лице еднина овозможува да добиете поширока перспектива, бидејќи на тој начин го репродуцираме оној вид охрабрување што го добиваме од другите.

Од друга страна пак, една студија што била објавена во Европскиот журнал за социјална психологија во 2014 година, покажала дека оние што се си се обраќаат со „ти“ наместо со „јас“ имаат многу попозитивен став кон задачата што си ја поставиле, а најдобри резултати добиваат ако советите кон себе се напишани на лист хартија.

Пишувањето како начин на разговор со себе одамна се користи како терапевтски пристап, а во ситуациите каде што е потребна поголема самоконтрола, нема поефикасен метод.

Прочитајте ги и овие цитати кои ќе ја зајакнат вашата мотивација!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар