Татковците можат да направат сè! Тие ги смислуваат најдобрите игри, знаат како да им направат плетенки на своите ќерки и ги учат синовите да играат фудбал како Роналдо. Доколку и вие сакате да бидете подобри во својата улога на родители, тогаш погледнете ги овие тајни трикови од татковци што владеат на секое поле од родителствтото!rn
1. Стегач за коса направен од декоративна жица
rnКористете декоративна жица за да направите одличен стегач за коса. На тој начин лесно ќе ја спречите косата да паѓа на лицето, без притоа да се мачите со сплеткани прамени.rn
2. Тркачка лента на маица
rnЗемете неколку фломастери и нацртајте улици за трки на задната страна од некоја ваша стара маица за децата да можат да си играат со колички додека истовремено добивате и бесплатна масажа.rn
3. Запалка од шпагети
rnМожете лесно да ја запалите секоја свеќа во домот користејќи само суви шпагети и огнот од шпоретот.rn
4. Играње видео игри
rnДоколку сакате да ја играте вашата омилена видео игра, но вашите деца не ви дозволуваат да го сторите тоа без нив, едноставно извадете ги батериите од вториот џојстик и дајте им го така. Ќе биде двојна забава да се игра на овој начин!rn
5. Влошки за поставеност на нозете
rnЗа да ги научите вашите деца на одреден спорт, најпрво мора да им покажете како правилно да стојат. Најлесниот начин да го сторите тоа е доколку поставите стари влошки за чевли во соодветната позиција за нозете.
Продолжете на следната страница за повеќе трикови!rn

