Глуварче: Заборавено богатство помеѓу лековитите билки кое чини нула денари

Глуварче: Заборавено богатство помеѓу лековитите билки кое чини нула денари

Сакате врвна суперхрана и лек за нула денари? Завртете се околу себе и ќе го видите насекаде! Глуварчето е едно од најлековитите билки во нашите краеви, па немојте само да се восхитувате на неговата сончево жолта боја, туку од него приготвувајте вкусни и хранливи јадења и лековити чаеви.

2-gluvarche-zaboravenoto-bogatstvo-pomegju-lekovitite-bilki-koe-chini-nula-denari-www.kafepauza.mk_

Глуварчето со својата количина на витамини и минерали ги надминува спанаќот и морковот! Тоа е исклучиво богато со калиум, железо, калциум, магнезиум, фосфор и витамините А, Б, Ц и Д, како и со лековити горчливи супстанци кои го прочистуваат организмот од токсини.

Покрај тоа, глуварчето:

  • Ја подобрува работата на бубрезите и помага со инфекциите на уринарниот тракт.
  • Помага за намалување на крвниот притисок, маснотиите и шеќерот во крвта.
  • Ја поттикнува работата на црниот дроб и жолчката.
  • Помага при слабокрвност.
  • Ги ублажува дигестивните тегоби и го олеснува варењето на масната храна.
  • Помага со кашлицата и други дишни тегоби.
  • Одлично е за детоксикација, слабеење и отстранување на целулитот.
  • Помага при алергии и кожни проблеми како: акни, брадавици, псоријаза и егзема.
  • Народната медицина го препорачува како лек за женски тегоби: болести на дојките, цисти, тумори, отечени гради и проблеми со доењето.

Глуварчето е лековито од коренот до листовите. Берете го на ливади кои се далеку од патиштата и друг вид загадување.

Ако ви е потребна целата билка, најлесно ќе ја наберете така што ќе го завлечете ножот под коренот и ќе ја извадите билката.

Ако ви се потребни листовите, најдобро е да ги берете од билките кои сѐ уште не расцветале, бидејќи таквите листови се помалку горчливи. Свежите листови се одлични за подготовка на салата, но можат и да се додадат во рижото, тестенини, сосови, а со нив може да се збогатат и кашестите сокови, односно смудињата. За подготовка на чај, листовите од глуварчето треба да се исушат на место кое има доволно воздух и сенка.

Цветовите на глуварчето треба да ги берете во полно цутење, на сончево и суво време, околу пладне или кога се потполно отворени. Од нив можете да направите сируп, џем, ракија или да ги исушите за чај.

Пупките од глуварчето може да се киселат како каперси.

Коренот на глуварчето како сиров може да се додаде во салати, а и да се исуши за чај. Пред сушењето коренот треба да се исчисти од надземните делови и да се измие, а потоа да се наниже на издржлив конец и да се закачи на воздушно, темно и топло место. Исушениот корен е збрчкан, со сивкасто-бела боја, а кога ќе го пресечете, во средината е жолт.

Лековитите производи од глуварче може да се пронајдат и во готов облик, како што се чаевите и тинктурите кои се достапни во билните аптеки.

1-gluvarche-zaboravenoto-bogatstvo-pomegju-lekovitite-bilki-koe-chini-nula-denari-www.kafepauza.mk_

1. Рецепт за чај од суви листови од глуварче

Прелијте 2 децилитри вода преку 1 чајна лажица суви листови од глуварче, а по 10 минути процедете го. Подготвувајте го 2-3 пати на ден и пијте го помеѓу оброците, најмногу во текот на два дена по ред.

2. Рецепт за сок од корен од глуварче

Од свежо ископан и измиен корен од глуварче во соковник можете да направите сок, а можете да ставите и од листовите. По желба додадете мед, морков, јаболко, цвекло…

3. Рецепт за сируп од цветови од глуварче

Потребни состојки:
  • 300 цветови
  • 1 килограм шеќер
  • 1 литар вода
  • сок од еден лимон
Начин на подготовка:

Ставете ги цветовите и шеќерот во поголемо тенџере, прелијте ги со вода, додадете свежо исцеден лимонов сок, па варете ги додека не зовријат. Откако ќе зовријат, тргнете го тенџерето од оган и дозволете смесата постепено да се излади и да отстои преку ноќ.

Со овој сируп можете да го засладите чајот или да јадете по една лажица три пати на ден како лек за јакнење на организмот или против кашлица.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар