КАФЕ ПАУЗА

Бохо пролетни фризури за девојките со слободен дух

Заменете ја цветната круна со овие бохо пролетни фризури, совршени за фестивал, што се голем хит оваа година. Ослободете го вашиот дух и дочекајте ја пролетта во своето вистинско светло!rn

1. Нагласени плетенки

rn(1) Бохо пролетни фризури за девојките со слободен духrnrnНадополнете ги обичните плетенки или опавчиња со материјал кој ќе ја освежи вашата пролетна фризура. Едноставно намачкајте ја косата со крем за стилизирање, одберете материјал што одговара на вашата облека и испреплетете го низ прамените.rn

2. Лента за коса

rn(2) Бохо пролетни фризури за девојките со слободен духrnrnЕдноставно и во тренд… но и одличен начин да го скриете потењето додека танцувате како луди! Прснете спреј за текстура на корените од косата и врзете шал од дебел материјал цврсто на вашето чело, па повлечете ја косата нагоре и ќе добиете бушав волумен!rn

3. Топли тетоважи

rnrnrnТетоважите за коса се уште еден голем пролетен тренд што изгледа одлично на сончева светлина. Исчешлајте ја косата и соберете ја во цврсто опавче, па поставете ја тетоважата на местото на патецот. Со помош на влажен пешкир прекријте ја околу 2 минути и потоа одлепете го горниот слој. Зацврстете со лак за коса.rn

4. Прстени за коса

rn(4) Бохо пролетни фризури за девојките со слободен духrnrnВе фасцинираат хипи стиловите од 60-тите? Позајмете ја оваа одлична идеја од нив, така што ќе наредите прстени за коса околу плетенките.rn

5. Колоритни прамени

rnrnrnНагласете ги прамените со силни бои, покажувајќи им на сите околу вас дека уживате во пролетното сонце. Исплетете 3 до 5 прамени, а потоа освежете ги со конци во различни бои. Заврзете го крајот на конецот цврсто и испрскајте ги врвовите со сув шампон пред да го исечете за да не се отпушти.