6 начини на кои летното сметање на времето влијае на вашето здравје

6 начини на кои летното сметање на времето влијае на вашето здравје

Летното сметање на времето е традиција која се практикува во неколку земји ширум светот. И покрај тоа, многу луѓе (и држави) би сакале ова да биде укинато. Се прашувате на што да внимавате кога ќе настапи летното сметање на времето? Ако веќе имате помислено дека тоа не е добро за вашето здравје и ве прави болни, тогаш дефинитивно сте во право. Погледнете ја оваа листа со здравствени проблеми кои се предизвикани токму од летното сметање на времето.

6 начини на кои летното сметање на времето влијае на вашето здравје

1. Се зголемува ризикот од срцев удар

Општо земено, поради различни причини, срцевите удари најмногу се случуваат во понеделник, а работата поврзана со стрес и нарушувањето на нормалното спиење се најчести. Но, една студија презентирана на американскиот колеџ за кардиологија во 2014 година во Вашингтон, открила дека ризикот за срцев удар се зголемува за 25% во понеделникот кој следи по префрлувањето на летното сметање на времето.

Во 2008 година една шведска студија заклучила дека зголемен ризик од срцев удар може да се случи и до 3 недели по летното сметање на времето. Оние кои повеќе се изложени на ваков ризик се луѓето кои најмногу реагираат на промените на времето, а особено оние лица кои пушат.

2. Може да се чувствувате понервозни

Чувството на замор и исцрпеност може да направи да се чувствувате доста непријатно. Оние лица кои се борат со ментални здравствени нарушувања или депресија, може да се здобијат и со сериозно нарушување на спиењето по започнувањето на летното сметање на времето.

Всушност, тоа може да доведе до зголемување на немирот и анксиозноста, да се појави несоница, која пак може да ја намали толеранцијата на стресните ситуации и да доведе до социјални проблеми во домот, на работа или на училиште. Тоа може да трае и со недели, додека личноста не се прилагоди на промените на времето.

3. Поподложни сте на зголемување на тежината

За време на летното сметање на времето, лицата со дијабетес се особено изложени на добивање вишок килограми. Стресот предизвикан од промената може да предизвика состојба на инсулинска резистентност, што води кон зголемување на тежината. Исто така во овој период се случуваат и промени во хормоните кои може да создадат желба за шеќер и јаглехидрати, што лесно водат кон качување на телесната тежина.

6 начини на кои летното сметање на времето влијае на вашето здравје

4. Може да се чувствувате апатични

Речиси секој човек се жали дека се чувствува поуморно по менувањето на часовникот за летното сметање на времето. Заморот може да предизвика личноста да чувствува дека животот ѝ е бесмислен, а пак кај некои може да предизвика самоубиствени мисли. Според едно истражување во 2013 година, несоницата, заспивањето за време на возењето, па дури и психозата се зголемуваат за време на летното сметање на времето.

5. Можете да искусите „магла во мозокот“

Преминувањето во летното сметање на времето има значително влијание на хемијата на мозокот. Умот се бори со процесот на промени за да создаде рамнотежа. Тогаш може да имате чувство дека сте гладни, кога навистина ви треба само повеќе сон. Ова доведува до еден постојан круг на анксиозност и стрес.

6. Може да имате проблеми да заспиете

За време на летното сметање на времето, несоницата е честа појава. За оние кои се борат со неа или со некои други нарушувања на спиењето, промената на времето е вистински проблем. Кога личноста не може да има контрола над овие проблеми, промената на сметањето на времето создава хаос.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

  1. Lence Reply

    Почитувана авторке, Вие ги направивте сите испитувања поврзани со здравјето на луѓето или направивте економска проценка на здравјето на луѓето па дојдовте до заклучок. Ако не ставете од каде сте го превеле тексто.
    Поздрав

Остави коментар