Свадба од соништата: Овој пар се венчал во водите на Карипското Море

Сподели

Тешко е да се планира свадба, а уште потешко е кога невестата решила да го каже судбоносното „Да“ во водите на Карипското Море. Сузана Замос и младоженецот Џовани, кои живеат во Бостон, го одбрале совршеното место за да ја одржат нивната венчавка во ноември 2016 година. На почетокот, многумина се сомневале во остварувањето на нивната венчавка од соништата.

Реклама

rn

„Имавме свадбен планер кој ни кажа ’Не! Не можете да го направите тоа! Премногу е комплицирано!’“, открива Сузана.

rnИдниот брачен пар само што не се откажал од идејата, кога свадбените фотографи од „Del Sol Photography“ ги охрабриле да продолжат со нивните планови.rn

„Идејата да се одржи цела свадбена церемонија во вода е неверојатна. Можев да ги замислам прекрасните фотографии. Кога друг пат ќе добиете шанса да фотографирате венчавка во океан, со даска за сурфање и олтар?!“, изјавил Сол Тамарго, главниот фотограф.

rnВо Козумел, Мексико, парот заедно со нивните 100 гости биле однесени со помош на два брода и јахта до песочникот кој се наоѓал сред Карипското Море.

Сузана носела розова венчаница на денот на свадбата иако имала вкупно 5 фустани.

Фотографите целосно ги прифатиле предизвиците што им ги наметнала ваквата необична венчавка во вода и користеле дрон за да направат прекрасни снимки од поголема височина, а самиот Тамарго направил фотографии со голем подводен фотоапарат.

rn

„Фотографирав од бродот и потоа скокнав во вода со опрема за нуркање“, открил Тамарго.

rnТимот бил составен од вкупно 8 фотографи, видеографи и управувачи на дрон. Сите заедно помогнале да се овековечи овој посебен ден со помош на три подводни фотоапарати, две обични камери и дрон.

Невестата која себеси се нарекува „сирена“ открила дека денот не можел да помине посовршено.rn

„Отсекогаш сум ја сакала водата. Обожавам да нуркам и имав среќа да пораснам со базен во градината, а и морето не ми беше многу далеку. Моите најсреќни денови секогаш биле под вода“, објаснила Сузана.

rnКоја девојка не би посакала да се претвори во сирена макар на еден ден?!

Во продолжение погледнете го и видеото од неверојатната свадба на сирената Сузана и Џовани…

Популарно

Може ќе ве интересира