Првата боја за коса во светот која се менува во зависност од температурата во околината
Замислете дека бојата на вашата коса се претвора во црвена како оган штом ќе биде допрена од ветерот, а пак кога дува клима уредот таа изгледа црна како гавран. Звучи како некоја магија, зар не? Но, добрите вести се дека ова веќе е реалност.
Лорен Боукер е сопственичка на компанија The Unseen (Невидена) и таа создала досега невидена боја за коса која ја менува нијансата во зависност од температурата на опкружувањето.
Боата за коса е наречена „FIRE“ (ОГАН) и е достапна во повеќе нијанси, од светло црвена до посуптилни бои.
Се смета дека е полу-трајна, односно трае и до неколку миења.
За жал, брендот сѐ уште бара комерцијални партнери за да му помогнат да ја пласира иновацијата на пазарот, па би требало да почекате малку подолго пред да пристапите кон овој тренд.