Абрахам Тверски: Вистинската љубов е љубовта на давањето, а не на примањето
Љубовта е движечка сила во животот, но за жал, под влијание на многу околности, денес љубовта е збор кој почнува да го губи своето значење. Во продолжение прочитајте ја оваа мудра приказна на рабинот и доктор Абрахам Тверски која ќе ви покаже како треба да изгледа вистинската љубов.
Еден ден тој се сретнал со еден млад човек кој очигледно уживал во јадењето риба, па го прашал: „Млад човеку, зошто ја јадеш таа риба?“
На тоа младичот одговорил: „Затоа што сакам риба.“
Рабинот одговорил: „Ох, ти сакаш риба. Затоа си ја извадил од водата и си ја убил, а потоа си ја зготвил. Немој да ми зборуваш дека сакаш риба. Ти се сакаш себеси. И затоа што рибата ти е вкусна на тебе, затоа си ја извадил од водата, си ја убил и си ја приготвил.“
На истиот начин може да се протолкува и романтичната љубов. Млад пар се заљубува. Момчето и девојката се заљубуваат. Што значи тоа? Тоа значи дека тој во таа девојка видел личност за која мисли дека би можел да ги задоволи сите негови физички и емоционални потреби. А таа помислила дека тој млад човек е некој кој би можел да ги задоволи нејзините физички и емоционални потреби… Тоа го нарекувале љубов, а секој од нив си ги гледал само своите потреби. Тоа не е љубов кон другиот. Другата личност станува средство за свое задоволување. Исто како и „љубовта кон рибата“.
Но, љубовта не се наоѓа во она што ќе го добиете, туку во она што ќе го дадете. Сакајте ги оние на кои им давате. Суштината е ако дадете нешто некому, вие се вложувате себеси во таа личност. Бидејќи љубовта кон себе е дадена, односно сите се сакаат себеси, сега тој дел треба да постои во другата личност која ја сакате. Па, треба да сфатите дека вистинската љубов е љубовта на давањето, а не на примањето.