Љубовта е прекрасно чувство кое секој треба да го доживее, но, за жал или за среќа, понекогаш таа не може да ви биде возвратена од личноста која вие ја сакате. Во вакви ситуации секој реагира на различни начини, но повеќето поминуваат низ овие 7 фази кои ви ги прикажуваме во продолжение.
rn
1. Реализирање
rnВо оваа фаза вие одеднаш сфаќате дека навистина ви се допаѓа таа личност, а често може да биде некој ваш познаник со кој се знаете подолго време, како што е некој ваш пријател, соработник и слично. А тогаш, не можете да ја извадите од главата таа личност и секое утро ќе бидете прогонувани со мисли за неа.rn
2. Мерење на можностите
rnВо оваа фаза се прашувате дали треба да ги признаете чувствата, како треба да се однесувате, дали треба да ја поканите личноста да излезете заедно и дали ќе ви се исплати ако го направите првиот чекор? Вие поминувате подолго време така разговарајќи си самите со себе, обидувајќи се да го испланирате совршениот начин за да ги признаете своите чувства, но на крај заклучувате дека сѐ ви изгледа лудо. Но, кога ќе дојде време, сѐ ви изгледа некако неверојатно, па кукавички се повлекувате и се враќате онаму од каде што сте почнале, во целосна тишина.rn
3. Опседнување
rnВо оваа фаза вие постојано мислите на таа личност. Преку целиот ден и во текот на ноќта. Вие ја демнете на социјалните мрежи, го читате секој коментар и се прашувате зошто немате доволно храброст…rn
4. Одрекување
rnВие се преправате дека воопшто не ви се допаѓа. Се разбира, никогаш и не ви се допаѓала таа личност. Зар би можеле да бидете толку глупави? Така почнувате во главата да си ги вртите сите причини зошто не ви се допаѓа таа личност и зошто не си одговарате. Но, во овие моменти всушност вие повеќе ја засакувате, затоа што сфаќате дека ако не ви била важна, никогаш нема ни да сте размислувале за неа.
rn
5. Ја оставате ситуацијата онаква каква што е
rnВие прифаќате дека ви се допаѓа таа личност, но нема што да направите во врска со тоа, па останувате со состојбата онаква каква што е и се обидувате да се навикнете. Тоа е како болка во мускулите која никогаш нема да исчезне, па се обидувате да ги прифатите работите. Постои еден глас во позадина кој ви вели дека вам ви се допаѓа таа личност, но полесно можете да го игнорирате и да го живеете нормално својот ден.rn
6. Пораз
rnВие сфаќате дека не постои нешто што може да ве задржи. Не дека ќе се разбудите еден ден и ќе си кажете дека таа личност повеќе не ви се допаѓа, туку тоа полека ќе почне да се одвива, така што повеќе нема да ви биде во првите утрински мисли, па малку по малку ќе ја заборавите.rn
7. Повремено сеќавање
rnПо неколку месеци сѐ ќе изгледа како повторно да е во најдобар ред. А потоа, по долго време, одеднаш нешто ќе ве потсети на таа личност и ќе се присетите на она што сте го мислеле и што сте сонувале во врска со вас двајцата… И тоа не е непријатно чувство, туку тогаш се појавува носталгијата. А понекогаш ќе почувствувате и болка, затоа што вие двајцата немате никакви заеднички спомени.

