Животот на Шила и Џоел, брачен пар од Санта Кларита, Калифорнија, целосно ќе се промени откако Шила ќе се претвори во нежив канибал!
rn
Главни улоги: Дру Баримор, Тимоти Олифант, Лив ХјусонrnrnЖанр: комедија, хорорrnrnКреатор: Виктор ФрескоrnrnПремиера: 3 февруари 2016rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 30 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnПред сè, мораме да ве предупредиме дека станува збор за специфична ТВ серија што на мнозинството нема да им се допадне. Оваа приказна е наменета само за одреден вид публика – за оние што немаат ништо против да гледаат ужасни сцени, исполнети со многу повраќање, крв и канибализам, претставени на хумористична сцена. Со неколку зборови – Декстер, но во комична и апсурдна верзија. Па, ако сметате дека не се пронаоѓате во овој опис, тогаш подобро одберете друга рецензија. Но, ако тоа што го прочитавте досега ви е интересно и ве натера да посакате да дознаете нешто повеќе за оваа ТВ серија, тогаш продолжете со читање.rnrn
rnrnСтанува збор за едно типично американско семејство што живее во предградие – брачниот пар, Шила (Дру Баримор) и Џоел (Тимоти Олифант), и нивната ќерка Аби (Лив Хјусон). По сплет на околности, навидум нејасни, нивниот живот целосно ќе се промени откако Шила ќе се претвори во нежив канибал. Оттука приказната се фокусира на нивната потрага да најдат непрекинат извор на храна (човечко месо) за Шила, додека истовремено бараат и лек за нејзината „здравствена состојба“. Како што веќе спомнавме, оваа ТВ серија се движи од една крајност во друга и суптилноста дефинитивно не ѝ е силна страна. Но, токму претерувањето и преувеличувањето на настаните е тоа што ја прави оваа приказна поинаква и привлечна за љубителите на жанрот.rnrn
rnrnМожеби ќе си кажете „Ех, уште една зомби серија. Зарем не можат да смислат нешто ново?“ Но, колку што оваа серија е градена на позната основа, толку е и уникатна во однос на развивањето на текот на настаните. Веќе знаете дека Дру Баримор е брилијантна актерка, па можете да бидете сигурни дека што се однесува до перформансот, нема да бидете разочарани. А, ако вашето срце и душа ви дозволува да можете да поднесете ваква содржина, тогаш ќе бидете презадоволни и од самата приказна.rnrn

