Најголемиот мит за градниците кој сите жени треба да го заборават!
Купувањето градник не е лесна задача, а тоа може да го потврди и секоја жена. Без оглед на тоа што веќе доволно се познавате себеси и мислите дека ги знаете најважните правила кои треба да ги почитувате при купување на ова парче долна облека, сепак, се случува да се вратите дома со моделот кој сепак не ви одговара.
Таа грешка често се случува затоа што повеќето жени веруваат во најголемиот мит за градниците кој се однесува на нивната големина. Имено, многу жени се убедени дека секогаш мора да купуваат градник со иста големина, без оглед на марката. Тоа е најчестата причина за грешење при купување, затоа што не постои изедначена изработка на сите големини кај различни произведувачи. Така, одредена големина на градник од една марка може да ви се вклопува совршено, но кога би отишле во друга продавница и ќе земете градник со истиот број на големина, но од друг производител, ќе сфатите дека не ви прилега толку добро. Освен што се забележува разлика помеѓу поедини произведувачи, може да се случи различни колекции од иста марка, да имаат нееднаквост во големините. Затоа, модните експерти советуваат при секое купување градник да се однесувате како тоа да го правите прв пат.