КАФЕ ПАУЗА

Нова атракција во Дубаи: Луксузна вила која плови и е со поглед на морското дно

Дубаи може да се пофали со многу прекрасни објекти, но, за разлика од сите тие кои се издигнуваат нагоре, најновата импресивна градба се нурка под површината на водата.rnrnНова атракција во Дубаи: Луксузна вила која плови и е со поглед на морското дноrnrnНа четири километри од брегот на Дубаи, ќе биде сместена луксузната вила „Floating Seahorse“ која ќе плови и ќе се простира на три нивоа, од кои долниот целосно ќе биде потопен во водата.rnrnНова атракција во Дубаи: Луксузна вила која плови и е со поглед на морското дноrnrnДва огромни прозорци, секој од под 25 метри квадратни, од спалната соба и бањата обезбедуваат спектакуларен поглед кон коралниот гребен и подводниот свет.rnrnНова атракција во Дубаи: Луксузна вила која плови и е со поглед на морското дноrnrnСамо девет и пол сантиметри дебели, прозорците не би можеле да бидат направени од стакло, затоа што не би го издржале притисокот на водата. Во потрага по решение, архитектите нашле инспирација во подморниците и аквариумите и употребиле акрилик стакло.rnrnНова атракција во Дубаи: Луксузна вила која плови и е со поглед на морското дноrnrnНа ниво на морето се наоѓа целосно опремена кујна со трпезарија и дневна соба. Кога ќе се отвори стаклената фасада, терасата станува продолжение на дневната соба.rnrnНова атракција во Дубаи: Луксузна вила која плови и е со поглед на морското дноrnrnНајвисокото ниво е совршено место за релаксација и уживање во свежиот воздух. Тој е опремен со кревет, мини бар, кујна и џакузи со стаклено дно.rnrnНова атракција во Дубаи: Луксузна вила која плови и е со поглед на морското дноrnrnПокрај оригиналните модели „Floating Seahorse“ и серијата „Floating Seahorse Tzar“, по цена од 2,5 милиони евра, компанијата Kleindienst понудила уште полуксузен модел, наречен „Signature“. Со повеќе од 370 квадрати, „Signature“ е поголем од своите претходници и во целост може да се прилагоди на желбите на купувачите.rnrnНова атракција во Дубаи: Луксузна вила која плови и е со поглед на морското дноrnrnВо реализацијата на проектот биле вклучени повеќе од 200 професионалци, а било планирано оваа изградба да се заврши оваа година.rnrnНова атракција во Дубаи: Луксузна вила која плови и е со поглед на морското дноrnrnНајголемиот дел од вилата која плови ќе биде сместен во близина на вештачкиот остров Санкт Петерсбург, во облик на срце и чија изградба е во тек. Инспириран од Малдивите, островот ќе биде опкружен со овие вили.rnrnНова атракција во Дубаи: Луксузна вила која плови и е со поглед на морското дно