Овој анонимен автор решил да го сподели своето љубовно искуство со светот, надевајќи се дека барем на една личност во светот ќе успее да ѝ помогне. Неговите топли и искрени зборови ќе ви го стопат срцето и без сомнение ќе ве натераат на размислување. Прочитајте го внимателно и поставете си го единственото прашање што тој вели дека треба да си го поставувате секој ден во љубовната врска.rnrn
rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrnСакав да бидам со неа. Навистина сакав неа да ја изберам. Таа беше неверојатна жена, паметна, смешна, сензуална и секси. Од нејзината смисла за хумор целото тело ми се тресеше од смеа, а нејзината егзотична убавина на моменти можеше да ми го помати умот.rnrnМоето среќно место беше наутро кога се будев со неа во моите прегратки. Бескрајно ја љубев.rnrnЗа жал, како што се случува со многу млади парови, нашето незнаење како правилно да се сака ни создаде стресни предизвици во врската. Моите прекрасни утра се претворија во напнати, незрели ситуации што се манифестираа низ секојдневниот заеднички живот. Почнав да се прашувам дали некаде постои некоја жена која ќе биде полесно да ја сакам, и која мене подобро ќе ме сака.rnrnКако што поминуваа месеците, така мислата сè повеќе ме окупираше, па сè помалку ја избирав неа. Секој ден, во текот на тие 5 години, сè помалку ја избирав.rnrnОстанав со неа. Но се откажав. И двајцата патевме.rnrnДа ја изберам неа значеше да се фокусирам секој ден на прекрасните работи што таа ги внесуваше во мојот живот, за кои би можел да бидам благодарен: Нејзината насмевка, сензуалност, разиграност, пријателство и уште многу други.rnrnЗа жал често ми беше тешко или скоро невозможно да уживам или воопшто да ги забележам сите оние прекрасни нешта во врска со неа.rnrnПремногу се насочив на лутината, несигурноста, копнежите и другите аспекти од нејзината силна личност што имаа влијание на мене. Што повеќе се фокусирав на најлошото, толку почесто и појасно го забележував истото, и поради тоа уште посилно реагирав со моето најлошо однесување. А сè тоа ја нарушуваше нашата врска… и поради тоа секојдневно сè помалку ја избирав.rnrnА таа силно се бореше да ја изберам токму неа. Но, за џабе. Не можете некого да натерате да ве избере, дури и кога ве сака.rnrnСега сфаќам дека често беше лута затоа што не се чувствувала сигурно со мене. Почувствувала дека сум престанал, во моите зборови и дела, да ја избирам секој ден и се плашела дека ќе ја напуштам.rnrnИ јас ја напуштив.rnrnВсушност ја изневерив, бидејќи секој ден, во текот на 5-те години, се фокусирав на тоа што ми сметаше наместо на тоа што кај неа го обожавав.rnrnКако редок и нежен цвет што гордо го донесов дома, а потоа престанав да го наводнувам, премногу пати ја оставив сама да венее во врелината на нашиот интимен однос.rnrnСекогаш избирајте го најдоброто кај жената што ја сакате. Изберете ја неа во целост.rnrnАко сте во врска, поставете си го веднаш ова прашање:rnrn„Зошто денес повторно ќе го изберам својот партнер?“rnrnАко не можете да пронајдете добар одговор, побарајте подлабоко и ќе го најдете. Бидејќи во најдлабоките вистини на срцето можеби и нема причина.rnrnАко помине премногу време и не можете да откриете зошто секој ден би избирале да бидете со својот партнер, а вашата врска е полна со стрес, пуштете ги да си одат. Направете место во вашиот живот за да може да влезе некој друг, кој овој пат ќе можете да го одбирате секој ден.rnrnБидејќи личностите што ги љубиме заслужуваат да го избереме најдоброто од нив. Секој ден!rnrn[/message_box]
Искрено писмо од еден маж: Личностите што ги љубиме заслужуваат да го избереме најдоброто од нив!
