Уметничката страна на човечкото око
Серијата фотографии на ерменскиот фотограф Suren Manvelyan т.н. „Твоите убави очи“, успева на еден позитивен начин да ги вознемири набљудувачите. Тој започнал да се бави со фотографија од неговата 16-та година, а станал професионален фотограф во 2006 година.Тој се усовршил во речиси сите области на фотографијата, особено во макрофотографија, портрети, креативни фото-проекти, пејзажи и др.Неговите фотографии се објавени во многу светски магазини. Особено популарна му е оваа серија фотографии од очи сликани одблизу, кои се милиони пати погледнати на веб-сајтовите на интернет, а биле објавени и на Daily Mail, The Independent, Telegraph, La Reppublica и др.
Кога не фотографира, Suren предава физика, математика и астрономија во училиштето Волдорф во Ереван, Ерменија.Тој е доктор на науки во областа на теоретската физика, а во 2002 година од претседателот на републиката добил награда за истражување од областа на квантните технологии.
Ерменскиот професор по физика ги „позајмил“ очите на неговите пријатели, колеги и ученици за да ги направите овие фантастични фотографии. Тој никогаш не помислувал дека ќе види нешто вакво.
.
„Не бев свесен дека очите имаат толку комплексен изглед. Секојдневно гледаме стотици очи, но не ни помислуваме дека имаат толку драматична структура, како површината на некои неоткриени планети.“
Оваа серија фотографии, брилијантно ја отсликува длабочината на човечките очи, во буквална смисла на зборот, и притоа им дава и еден поинаков уметнички акцент.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
fantastichni se …. nemam zborovi 🙂
чудеснии 🙂
odlicnooooo …waaaaa 😀 prekrasnooo no comment :O