17 ситуации што ќе ги разберат оние кои имаат 20-тина години, но се чувствуваат како да имаат 30

17 ситуации што ќе ги разберат оние кои имаат 20-тина години, но се чувствуваат како да имаат 30

Секоја декада во животот се одликува со различни работи. Оние во дваесеттите години имаат поинакви очекувања, размислувања и цели, отколку оние кои се наоѓаат во нивните триесетти. Но, од друга страна пак, постојат и такви кои живеат во дваесеттите, но длабоко во себе чувствуваат дека припаѓаат во триесеттите години, па врз основа на тоа дејствуваат. Доколку и вие сметате дека припаѓате во оваа категорија, погледнете ја оваа листа и видете во колку од овие работи ќе се пронајдете.

17 работи кои ќе ги разберат оние кои се наоѓаат во дваесеттите, но се чувствуваат како во триесеттите години

1. Попрво би умреле отколку да излезете во петок навечер. Знаете дека излегувањата за време на викендите не се за вас, па повеќе би сакале некоја друга вечер да седите со вашите пријатели и да пиете вино.

2. Не можете да поднесете многу алкохол. Веќе немате „кондиција“ да консумирате повеќе алкохол, па дури и по првата испиена чаша чувствувате последици.

3. Внимавате на вашиот буџет. Не можете да заспиете додека не ги проверите вашите сметки, барем еднаш на ден, и додека не видите колку финансиски средства ви стојат на располагање.

4. Се интересирате за попустите кои ги нудат продавниците за мебел и бела техника. Разгледувањето на работи кои може да се вклопат во вашиот ентериер, ви изгледа како одлична забава.

5. Пешачењето ви ги смирува нервите. Покрај разгледувањето на мебел, и пешачењето навистина може да ве смири. Секако, не дека исклучок се и креветот и топлата бања, но, на некој начин ова ви е поминато.

6. Не ви е грижа што мислат другите. Можеби поголем дел од вашите пријатели се занимаваат со тоа од која марка поседуваат некоја облека, но вам единствено ви е важно да имате еден пар патики кои ви се удобни.

7. Едвај чекате да излезе новата епизода од омилената серија. Домашната атмосфера вам ви прилега најдобро!

8. Нарачувањето готова храна е само за специјални прилики. Секако дека е добро понекогаш да се почестите себеси, но заштедата на пари е уште подобра.

17 работи кои ќе ги разберат оние кои се наоѓаат во дваесеттите, но се чувствуваат како во триесеттите години

9. Имате вечерна рутина. Не ви е важно само да си отидете дома и да си легнете во кревет. Вие издвојувате време за да се туширате, да ја негувате вашата кожа и пак навремено да легнете за да можете добро да се одморите.

10. Сакате да имате пријатели со кои ќе можете да уживате во вечерата. Ова е најверојатно најголемиот знак, затоа што оние кои навистина имаат 30 и нешто години, не се многу воодушевени од оваа идеја, затоа што потоа следуваат повеќе садови за миење, а некој секогаш се појавува пред вратата непоканет.

11. Се интересирате за ентериери и екстериери на куќи. На Фејсбук имате заследено барем 5 страници кои објавуваат фотографии од дизајнирање куќи.

12. Имате домашен миленик. Немаат домашен миленик само 40-годишните осамени дами. Оние кои имаат 23 исто така уживаат во оваа придружба!

13. Сакате да патувате, но не сакате да престојувате во хостели. Млади сте, сакате да прошетате и да го видите светот, но исто така сте решени дека не сакате да делите соба со непознати луѓе, па затоа сакате да си овозможите барем нешто малку покомотно.

14. Имате постари пријатели. Имате пријатели кои се речиси на ваша возраст, но исто така имате и такви од триесеттите, па и од четириесеттите години. Дури можете да излегувате со пријателките на вашата мајка, и да ви биде забавно.

15. Едвај чекате да остарите и да имате брчки. Вие сте подготвени да остарите со некој кој го сакате.

16. Постојано читате книги и сте зачленети во библиотеката. Читате минумум по една книга секој месец.

17. Внимавате на вашата исхрана. Во вашата кујна може да се најде здрава храна и истата знаете како да ја зготвите. Иако луѓето во вашата близина може да ве сметаат за чудни или смешни, вие постојано ги потсетувате дека треба да јадат овошје и зеленчук!

17 работи кои ќе ги разберат оние кои се наоѓаат во дваесеттите, но се чувствуваат како во триесеттите години


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар