Не е никаква тајна тоа дека раскинувањата се болни и тешки. Без разлика како завршила врската, дали вие сте прекинале, партнерот или пак заеднички сте се договориле, крајот никогаш не е лесен и забавен. Сите сме поминале низ истото и знаеме колку е тешко да се продолжи понатаму.rnrn
rnrnПријателите, семејството, работата и хобито можат да ви помогнат во тоа, но не смеете да го заборавите најдобриот лек против скршено лице – музиката! Следнава музичка плејлиста ќе ви ја даде потребната мотивација за да свртите нов лист во животот и ќе ве потсети дека го заслужувате само најдоброто…rn
1. Pink – „So What“
rnrnПинк ќе ви помогне да се почувствувате како непобедлива рок ѕвезда. Пуштете ги звучниците до максимум и потсетете се дека имате сила за да продолжите понатаму по болното раскинување.rn
2. Carrie Underwood – „Before He Cheats“
rnrnОваа песна е неофицијалната химна на раскинувањата! Само што сте дознале дека вашиот партнер ве изневерувал? Кери Андервуд е тука за да ве потсети дека никој не смее да си игра со вас!rn
3. JoJo – „Too Little Too Late“
rnrnСе сеќавате на ЏоЏо? Не постои девојка на која не ѝ недостасува оваа слатка пеачка со моќен вокал. Нејзината песна „Too Little Too Late“ е совршена доколку вашиот партнер се обидува да ви се врати по сета болка што ви ја нанел. Дали почнавте да паѓате на искушението и веќе размислувате да се смирите? Само слушнете ја ЏоЏо и веднаш ќе се сетите дека сега е предоцна и нема враќање назад!rn
4. Britney Spears – „Stronger“
rnrnБритни ќе ви помогне да станете посилни од вчера! Таа е вистински пример за тоа како треба да се застане на нозе по сите доживеани падови. Не заборавајте дека сте многу посилни одошто мислите и дека го заслужувате само најдоброто!rn
5. Pussy Cat Dolls – „I Don’t Need A Man“
rnrnБидете искрени: Ништо не ви недостасуваше пред да се појави вашиот партнер и ништо нема да ви недостасува сега откако тој ве напуштил. Можеби ќе ви биде тешко некое време, но она што нема да ве убие, ќе ве направи посилни. Овие прекрасни девојки се тука за да ве потсетат на женската моќ!rnrnПродолжете на следната страница за останатите 6 песни…rnrn