КАФЕ ПАУЗА

Необичен часовник кој го „гравира“ времето

Written by

in

Постојат многу начини за да покажете колку точно е часот, а дизајнерите од швајцарската компанија „42foundry“ создале еден необичен и креативен часовник, наречен „ETCH“.rnrnНеобичен часовник кој го „гравира“ времетоrnrnНа мазна површина како камен, врамен во алуминиумска рамка, овој часовник на прв поглед не изгледа ништо поразлично од другите декоративни елементи во ентериерот. Но, она што изгледа како неподвижна површина, повремено формира дигитални знаци кои го покажуваат точното време.rnrnНеобичен часовник кој го „гравира“ времетоrnrnТајната е во еластичната мембрана која ја сочинува површината на часовникот и овозможува да се создаде елегантен 3Д ефект. Откако ќе го прикаже времето, мембраната полека се враќа во првобитната состојба.rnrnНеобичен часовник кој го „гравира“ времетоrnrnДимензиите на часовникот се 40 x 40 сантиметри, тежок е околу 6 килограми, а може да се чува на маса или пак да биде закачен на ѕид.rnrnНеобичен часовник кој го „гравира“ времетоrnrnСо помош на соодветна апликација од мобилниот телефон, можно е да го усогласите времето кое се прикажува на часовникот со моменталното. Апликацијата овозможува и избирање помеѓу два начина за прикажување на времето.rnrnНеобичен часовник кој го „гравира“ времетоrnrnРежимот „Syng & Go“ го покажува времето на секои 30 секунди, а „Sync & Sensor“ го активира прикажувањето на времето на секоја половина минута само доколку регистрира звук во просторијата. Часовникот „ETCH“ е добар и ефикасен детаљ во ентериерот, но неговата цена е 1.450 долари.rnrnНеобичен часовник кој го „гравира“ времето