Погледнете на кој начин стаклените тегли може да ви помогнат за да се ослободите од непотребните килограми.rnrn
rn
1. Утринска мотивација
rnИсечкајте лист хартија на 20 помали ленти и на нив напишете по една вежба, а потоа ставете ги во помала стаклена тегла. Теглата ставете ја на ноќното ормарче или во близина на вашиот кревет, а штом ќе се разбудите наутро, извадете едно ливче. Извлечената вежба треба да ја правите една минута, а доколку сте расположени можете да ја правите подолго или пак, да извлечете неколку дополнителни ливчиња. Утринските вежби ја поттикнуваат работата на метаболизмот и може да ве мотивираат за поголема физичка активност во текот на денот.rn
2. Овесна каша
rnОвесната каша која сте ја оставиле да ви отстои преку ноќ е одличен, здрав појадок, а одредена мера претставува здраво контролирана порција. Навечер е доволно да сипите малку бадемово, соино млеко или пак вода, а наутро ќе имате готов појадок.rn
3. Визуализација
rnЗемете две помали тегли кои ќе ги претставуваат килограмите кои сакате да ги изгубите и веќе изгубените килограми. Наполнете ја едната тегла со вати или какви било топчиња кои ќе ги претставуваат килограмите, а во другата ставајте топче по топче кое ќе ги претставува изгубените килограми. Визуализацијата е доста важна, бидејќи ќе гледате дека сте на добар пат.rnrn
rn
4. Ужина
rnКористете мали стаклени тегли со сепаратори во кои ќе можете да ставате здрави грицки, за здрава ужина.rn
5. Пари
rnСтавете празна стаклена тегла на видливо место. Секој пат кога ќе вежбате, ставете малку пари во теглата – 50 денари за класично вежбање, 150 денари за целосно направен тренинг. Кога ќе ја наполните теглата со пари, наградете се!rn
6. Салата
rnКога ручекот ќе биде подготвен, тоа ќе ја спречи желбата за купување нездрава храна. Салатите се совршени, бидејќи се нискокалорични и богати со влакна. Немате време за да подготвувате салата секоја вечер? Во голема тегла ставете ги намирниците за вашата омилена здрава салата, која ќе биде доволна за цела недела. По потреба вадете одредена количина салата секојдневно.rnrn