Мажите не можат да разберат колку овие работи им се значајни на жените
Жените се познати по тоа што обрнуваат многу внимание на деталите, сакаат почит, разбирање и љубов. Покрај зборовите, многу значат и постапките кои ги прават мажите. Па, погледнете ги овие работи кои им се значајни на жените и кои тие ги ценат многу.
1. Не доцни на состаноци и никогаш не ве остава да чекате.
2. Јасен е при изразување на своите чувства и не игра никакви игри.
3. Зборува правилно, наместо да користи некои зборови кои се користат при текстуалната комуникација.
4. Ве претставува како негова девојка кога ве запознава со нови луѓе.
5. Има вистински морали – тој е против лажење, изневерување или крадење.
6. Кога ќе ви вети нешто, тоа и го исполнува.
7. Не ги навредува вашите родители или пријатели.
8. Не го проверува неговиот телефон додека зборувате.
9. Не ве става во непријатни ситуации пред неговите пријатели или семејството.
10. Ви прави услуга, без притоа да очекува нешто за возврат.
11. Никогаш не флертува со други жени пред вас, ниту пак зад вашиот грб.
12. Секогаш ви се заблагодарува кога ќе направите нешто за него.
13. Ви ја нуди неговата јакна кога ви е студено.
14. Секогаш ви ја кажува вистината, иако можеби ви е тешко да ја слушнете.
15. Се нуди да ја плати (или барем да ја поделите) сметката кога сте излезени.
16. Се извинува кога ќе направи грешка, наместо да ги обвинува другите околу него.
17. Им отстапува место на постари лица или бремени жени.
18. Често прашува за вашите родители.
19. Тој ви дава вистински комплименти.
20. Учтив е со непознатите, како на пример со келнерот во ресторан или возачот во такси.
21. Ви отвора врати.
22. Чува за вас вишок работи во неговата бања кои може да ги користите.
23. Кога му се јавувате, одговара на телефон, наместо да ви пише СМС порака.
24. Внимава на деталите.
25. Не им придава значење на некои неважни работи.
26. Се грижи за својот изглед, но не е опседнат со него.
27. Удобно се чувствува со неговата женствена страна.
28. Секогаш вози одговорно.
29. Помни значајни датуми и настани.
30. Се тушира пред да бидете интимни.
31. Секогаш кога ќе остане подоцна на работа, ви се јавува за да ве извести за тоа.
32. Наместо да ви наредува, учтиво ве замолува да направите нешто за него.
33. Неговата брада, гениталиите и ноктите секогаш се средени.
34. Не му е страв, ниту срам да ја покаже својата романтична страна.
35. Секогаш ве прашува како ви поминал денот.
36. Никогаш не ве притиска да направите нешто што не ви е пријатно.
37. Го составува неговиот дневен распоред така што ќе има време и за вас.
38. Се нуди да ве одведе некаде каде што треба да отидете.
39. Никогаш не се однесува кон вас на понижувачки начин.
40. Кога вашата врска станува официјална, тој ги брише сите апликации за состанување.
41. Ве бакнува на рацете и челото.
42. Не зјапа во вашето деколте додека зборувате.
43. Тој е посветен и вреден работник.
44. Тој не испушта гасови во несоодветни моменти.
45. Никогаш не ви испраќа непријатни фотографии.
46. Кога е лут, не дозволува нештата да излезат надвор од контрола.
47. Ви ја држи раката во јавност.
48. Тој е ваше рамо за плачење секогаш кога сте вознемирени.
49. Секогаш ве слуша кога ќе му кажете „не“.
50. Без разлика на приликите, тој кон вас се однесува само со почит.
Момци, освен ова, погледнете кој е најдобриот комплимент што можете да ѝ го упатите на една жена!