КАФЕ ПАУЗА

Прекрасен ритуал: Овој татко секој месец ја носи ќерка му на „љубовен состанок“

Прекрасен ритуал: Овој татко секој месец ја носи ќерка му на „љубовен состанок“

Кејтлин Фладагер се пофалила на Фејсбук со гестот на нејзиниот сопруг кој еднаш месечно ја носи ќеркичката на „љубовен состанок“. Тој ѝ помагал да го одбере совршеното фустанче и чанта за излегувањето. Таткото дури и ја отворал вратата за неговата мала принцеза и се однесувал кон неа како да е вистинска дама.rnrnПрекрасен ритуал: Овој татко секој месец ја носи ќерка му на „љубовен состанок“rnrnТој секој месец ја носи неговата ќерка на вкусен сладолед или торта и овој прекрасен ритуал им се допадна на сите негови 300.000 следбеници на социјалните мрежи кои го пофалија неговиот труд. Имено, брачниот пар сака да му покаже на малото девојче како нејзините идни партнери би требало да се однесуваат кон неа.rnrnПрекрасен ритуал: Овој татко секој месец ја носи ќерка му на „љубовен состанок“rn

„Таа е многу среќна кога ќе се вратат дома. Сега засекогаш ќе знае дека заслужува партнер кој ќе ѝ угодува, бидејќи татко ѝ постави навистина високи критериуми“, напишала мајката на Фејсбук.

rnОваа објава им се допадна дури на 86.000 корисници, а споделена е повеќе од 40.000 пати.rn

„Сите мажи и жени би требало да го прават ова. Татковците би требало да ги водат девојчињата на состаноци, а мајките да ги водат нивните синови, или пак синовите да ги водат нив“, вака гласел еден од многубројните коментари на објавата.

rnПрекрасен ритуал: Овој татко секој месец ја носи ќерка му на „љубовен состанок“rnrnОваа идеја навистина би можела да им помогне на малите девојчиња и момчиња уште од мали нозе да стекнат манири за додворување и да научат како треба да се однесуваат на љубовните состаноци. Тоа би можело многу да им помогне при изборот на идните партнери, бидејќи отсекогаш ќе знаат дека не треба да бидат со некој кој не ги почитува и не знае како правилно да се однесува кон нив.