Прекрасни цитати од психотерапевтот Тони Робинс што ќе ви ја променат перцепцијата за животот

Прекрасни цитати од психотерапевтот Тони Робинс што ќе ви ја променат перцепцијата за животот

Ентони „Тони“ Робинс е американски психотерапевт, писател за самопомош, говорник за мотивација и човек кој ги надминал сите свои граници, почнувајќи од сиромаштијата во која израснал, па сè до туморот на мозокот што му предизвикал неконтролирано растење, поради кој Тони има акромегалија (гигантизам).

Прекрасни цитати од Тони Робинс кои ќе ви ја променат вашата перцепција за животот

Тој е роден како Ентони Ј. Мохоровик во северен Холивуд, Калифорнија, на 29 февруари 1960 година. Неговото изворно презиме потекнува од хрватското презиме Мохорович. Робинс е најстар од трите деца во неговото семејство, а неговите родители се развеле кога тој имал само 7 години. Татко му бил чувар, а мајка му алкохоличарка и наркоманка која неколку пати била во брак, а помеѓу другите и со Џим Робинс, поранешен полу-професионален бејзбол играч кој легално го посвоил Ентони. Тони вели дека неговиот семеен живот бил „хаотичен“ и „гаден“. Мајка му го истерала од куќата кога имал 17 годни, а тој никогаш не се вратил. Сега, Тони е мултимилионер, автор на бестселери, одличен говорник, претприемач, филантроп и катализатор на промени. Живее по највисоките вредности и секојдневно им го менува животот на стотици илјади луѓе. Тој е консултант на многу лидери и претседатели на разни земји, професионални спортисти и познати актери. Во продолжение погледнете некои од неговите најпознати изреки кои ќе успеат да ве мотивираат и да ја променат вашата перцепција кон животот.

„Стигнавте до тоа, што веќе го имате во себеси.“

„Идеалите нѐ прават робови, а нашите вредности – слободни.“

„Страста е во неизвесноста.“

„Женската енергија си оди кога телото се напрега. Таа се враќа во моментот на промена на состојбата од вкочанетост во отвореност.“

„Не страдаме поради фактите, туку поради нашата интерпретација на истите. Ние самите ја одредуваме важноста на случувањата.“

„Не треба да се менуваме. Само треба да го пронајдеме оној дел од нас кој е веќе среќен и успешен и да му овозможиме да се појавува што е можно повеќе.“

„Не можеме да ги контролираме случувањата, но можеме да влијаеме на нив.“

„Кога страдате, вие сте опседнати само со себе.“

„Најважната одлука која можете да ја донесете е да живеете во совршена состојба.“

„Проблемите и среќата никако не се поврзани.“

„Најпогрешна идеја е таа дека не би требало да имаме никакви проблеми.“

Прекрасни цитати од Тони Робинс кои ќе ви ја променат вашата перцепција за животот

„Заменете ги очекувањата со благодарност, па вашиот свет ќе се промени веднаш.“

„Оваа планета е мое игралиште. Љубовта е мое наследство.“

„Кога се лутиме повеќе од 30 секунди, остатоци од тие емоции остануваат во телото уште 5 часа.“

„Убијте го змејот (проблемот) додека е уште мал и сладок, затоа што во спротивно ќе се претвори во голем и ќе го уништи вашиот замок.“

„Не можете да подобрите нешто додека не признаете дека истото не е во ред.“

„Не мерете се себеси според успехот на другите. Мерете го својот успех според своите потенцијали и способности. Мерењето на вашите постигнувања со оние на другите ќе ги намали вашите очекувања од себе.“

„Мажите преземаат одговорност за состојбата на жените (позитивно или негативно).“

„Повеќето луѓе знаат да постигнат нешто, но не и да уживаат во тоа.“

„Многу личности не сакаат само парчиња, тие се спремни да направат сѐ што е возможно за да го добијат во целост тоа што го сакаат.“

„Значењето и внатрешноста на јунакот се согледуваат според значењето и силата на противникот.“

Погледнете уште цитати за мотивација на наредната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар