Зголемете ја вашата мотивација: На што треба да мислите додека вежбате?
Идејата за кревање тегови во сала за вежбање со еден куп испотени мажи е вашиот најголем кошмар. Не ви ни паѓа на памет да џогирате сами на ова ладно време, но не ве привлекува ниту собниот велосипед. Воопшто не сакате да вежбате, па затоа се обидувате да се убедите себеси дека тоа и не е толку важно. Но, вистината е дека физичката активност е многу важна. Доколку вежбањето не ви е баш најомилена активност, пробајте да го засакате со конкретни мисли…
Овде нема да ви помогне убедувањето дека благодарение на вежбањето ќе живеете подолго, бидејќи мозокот тоа не го смета за добра идеја туку за неизвесност. Поради тоа, наместо да се фокусирате на долгорочните придобивки, размислувајте за краткорочните како што се подобрувањето на квалитетот на сонот, зголемената продуктивност на работа, поголемата подготвеност за извршување физички активности и слично.
Повторувајте си го тоа секој ден додека вашиот ум конечно не го засака вежбањето. Кога ќе го направите тоа, обрнете внимание на следниов трик за подобри резултати. Не е доволно само да одите во сала за вежбање, да правите склекови и да кревате тегови. Многу е важно она што го мислите додека вежбате.
Наместо во глава да ви се вртат имејловите на кои не сте одговориле, списокот на утрешните обврски или неостварената љубов, фокусирајте се на телото и на влијанието што го имаат вежбите на одредена група мускули. Според инструкторите, на овој начин вежбите ќе постигнат значително подобар ефект, а вие полека ќе почнете да се вљубувате во вежбањето.