12 работи што ги прават девојките затоа што се чувствуваат безвредно

12 работи што ги прават девојките затоа што се чувствуваат безвредно

Понекогаш многу лесно донесуваме избрзани заклучоци за другите луѓе и ги осудуваме без да ја знаеме целата вистина за тоа како се чувствуваат. Кога некој се однесува лошо, тоа е обично знак дека човекот страда. Пред да почнете да ги обвинувате вашите пријателки или девојки поради нивното однесување, имајте на ум дека тие прават одредени работи затоа што се чувствуваат безвредно. Прочитајте за што станува збор…

12 работи што ги прават девојките затоа што се чувствуваат безвредно

1. Не знае да прифати комплимент. Ако ѝ кажете дека има убави очи, таа не се согласува. Кога ќе го пофалите нејзиниот црн фустан, таа вели дека не ѝ се допаѓа бојата. Едноставно не може да го прифати фактот дека е прекрасна.

2. Постојано има токсични врски. Среќна е кога некој ќе покаже интерес за неа, дури и ако партнерот ја повредува и изневерува. Барем не е сингл и има некој покрај себе…

3. Постојано чита. Или гледа телевизија по цели денови и слуша еден ист музички албум одново и одново додека не ѝ се смачи од секоја можна песна. На тој начин таа бара бегство од реалноста. Сака да заборави на нејзиниот несреќен живот и се преправа дека се наоѓа на друго место, дека е некоја друга личност…

4. Ѝ треба долго време за да ви врати на пораката. Таа е осамена, но кога некој ќе се обиде да разговара со неа, не одговара. Мисли дека нема што значајно да каже. Мисли дека само ќе ве растажи и депримира.

5. Објавува работи на социјалните мрежи и потоа ги брише. Многу ѝ се допаднало некое нејзино селфи и решила да го објави. Но, некој не го лајкнал и сега се чувствува глупаво поради тоа што го објавила. Па така, решила да го избрише пред да го видат луѓето и да почнат со осудување.

6. Тивка е за време на групните разговори. Не сака да се фали со нејзиното унапредување, бидејќи сѐ уште работи во ресторан, додека сите нејзини пријатели имаат работа од соништата. Не е е свесна за нејзиниот животен напредок, бидејќи постојано се споредува со сите околу неа.

12 работи што ги прават девојките затоа што се чувствуваат безвредно

7. Покажува љубомора. Кога некој пријател ќе ѝ соопшти добри вести, таа не знае да честита и да се израдува како што треба. Љубомората почнува да владее со неа. Секоја убава работа што ќе му се случи некому ѝ паѓа тешко, бидејќи се чувствува лошо поради тоа.

8. Не спие како што треба. Останува будна до 4 или 5 наутро и спие до пладне. Таа е задоволна од ваквиот начин на живот. На тој начин нема можност да комуницира со другите луѓе.

9. Го крие телото. Носи широка облека секогаш кога ќе излезе од дома, затоа што така се чувствува пријатно и убаво, туку затоа што не сака никој да го види нејзиното тело. Го мрази нејзиниот изглед и сака да се скрие.

10. Комуницира со поранешните партнери. Таа не живее во сегашноста, туку постојано се навраќа на минатото. Зборува со нив колку да ѝ помине времето.

11. Не е активна на социјалните мрежи. Сите објавуваат фотографии од нивните свршенички прстени и статуси за да се пофалат дека дипломирале. Дури и кога се радува поради некое достигнување, среќата не трае долго. Таа мисли дека нејзиниот успех не е ништо во споредба со успехот на другите. Смета дека тие се многу понапред од неа, а таа секогаш заостанува.

12. Постојано се опијанува. Се чувствува подобро откако ќе испие по некоја чашка алкохол. Нормално дека таа среќа избледува веднаш штом се разбуди со мамурлак. Тогаш се чувствува уште полошо.

Доколку ги забележите овие знаци кај вашата пријателка или девојка, немојте да ја обвинувате или одбегнувате бидејќи сметате дека ви пренесува негативна енергија. Наместо тоа бидете тука за неа. Дајте ѝ го потребниот простор, но не престанувајте со комуникација. Покажете ѝ дека ви значи и дека никогаш нема да ја изгуби вашата љубов и поддршка. Кога вистински ќе ја почувствува вашата грижа, полека ќе почне да се враќа во нормала.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар