КАФЕ ПАУЗА

Навечер потопете бадеми во вода, а наутро изедете ги. Резултатот ќе ве воодушеви!

Танинот, кој се наоѓа во кожата на бадемите, го спречува вашето тело да ги апсорбира сите добри состојки кои ги имаат бадемите. Затоа, пред да ги консумирате, потопете ги во вода и горчливата лушпа сама ќе се отстрани, а киселината од вашиот желудник ќе биде во можност да се справи со хранливите состојки кои ги нудат бадемите што се полни со протеини, хранливи влакна, витамин Е, калциум, цинк, фосфор и магнезиум, а без нивната лушпа, тие се многу покорисни.rnrnНавечер потопете бадеми во вода, а наутро изедете ги. Резултатот ќе ве воодушеви!rnrnНајдобро е да ги консумирате веднаш по будењето, затоа што на овој начин го регулирате лачењето на хлороводородна киселина во стомакот, но спречувате и други дигестивни проблеми. Во продолжение прочитајте зошто уште вечерва треба да потопите бадеми во вода и следното утро да ги изедете.rn

Помагаат во правилниот раст на нероденото дете

rnПотопените бадеми во вода се одличен извор на фолна киселина, витамин кој е од суштинско значење за развивање на мозокот на фетусот и неговиот невролошки систем. Во таква состојба, бадемите полесно се варат при што ѝ помагаат на бремената жена подобро да ги апсорбира хранливите материи.rn

Го одржуваат здрав дигестивниот систем

rnБадемите во ваква состојба се од голема помош за подобрување на дигестивниот систем кај човекот, така што помагаат побрзо да се испразни желудникот, а исто така и варењето го прават полесно.rn

Го контролираат високиот крвен притисок

rnПотопените бадеми во вода исто така се одлични и за контролирање на високиот крвен притисок. Имено, научниците откриле дека редовното јадење бадеми значително го намалило крвниот притисок, а особено биле ефективни кај мажите помеѓу 30 и 70 години.rn

Помагаат во одржување на здравјето на срцето

rnТие помагаат во заштитата на срцето и целиот кардиоваскуларен систем, па ако страдате од каква било форма на болест на срцето, обидете се да ги вклучите бадемите во вашата редовна исхрана.rn

Одржуваат стабилно ниво на „лошиот“ холестерол

rnВисокиот холестерол речиси сѐ повеќе е присутен и тој предизвикува различни болести, па бадемите се одлична храна која ќе ви помогне да го намалите „лошиот“ и да го зголемите „добриот“ холестерол во телото.rn

Помагаат при губење вишок килограми

rnНа диета сте? Редовно јадете бадеми натопени во вода, за да го забрзате процесот на губење на телесната тежина. Тие ќе ви помогнат да го подобрите варењето на храната и да ја намалите желбата за истата.rnrnПогледнете и зошто бадемите се најдобриот лек против главоболка.