Тегетот станува новата црна: Како да ја вклучите оваа боја во вашите модни комбинации?

Тегетот станува новата црна: Како да ја вклучите оваа боја во вашите модни комбинации?

Црната боја отсекогаш била синоним за стил и елеганција, но и самите целосно црни комбинации се безвремени и совршени за сите прилики, за сите возрасти, за сите стилови и вкусови. И како да не ја обожаваме црната боја? Освен тоа, таа доминираше во скоро сите модни трендови кога станува збор за 2016-та година, но сепак изгледа дека во новата 2017-та година ќе ја замениме со една доста слична нијанса – тегетот! Тегетот во наредната година ќе биде новата црна, а ние ви предложуваме неколку начини со кои ќе ја вклучите во вашите модни комбинации. И да, немојте да очајувате, бидејќи и во тегет комбинациите ќе можете да изгледате отмено и стилизирано, а со тоа и „скапо“.

1-vo-narednata-godina-tegetot-kje-bide-novata-crna-a-eve-kako-da-go-vkluchite-vo-vashite-modni-kombinacii-www.kafepauza.mk_

1. Тегетот е одличен за вашите работни модни комбинации, а можете да го носите во вид на едноставна ролка и модерно „молив“ здолниште, надополнето со занимливи модни детали. Класичните салонки се задолжителни, а целата модна комбинација заокружете ја со капут во некоја посветла тегет нијанса.

2-vo-narednata-godina-tegetot-kje-bide-novata-crna-a-eve-kako-da-go-vkluchite-vo-vashite-modni-kombinacii-www.kafepauza.mk_

2. Понекогаш и само едно парче во тегет боја е доволно за да ја „зачини“ целокупната модна комбинација. Па така, слободно одлучете се за сведена комбинација од фармерки и тегет блуза, а аксесоарите ќе бидат оние што ќе ја надополнат вашата лежерна модна комбинација.

3-vo-narednata-godina-tegetot-kje-bide-novata-crna-a-eve-kako-da-go-vkluchite-vo-vashite-modni-kombinacii-www.kafepauza.mk_

3. Иако некои се против тоа, тегетот лесно може да се комбинира и со црната боја. На пример, можете да изберете сако кое освен тоа што ќе биде во оваа тренди боја, исто така ќе биде направено и од тренди материјал – плиш. Токму плишот беше еден од водечките трендови за сезоната есен/зима, а така ќе остане и во наредната година.

4-vo-narednata-godina-tegetot-kje-bide-novata-crna-a-eve-kako-da-go-vkluchite-vo-vashite-modni-kombinacii-www.kafepauza.mk_

4. Тегет комбинезон со атрактивен, занимлив крој? О, да! Совет плус – носете го со светло сини и златни детали за да добиете перфектно стилизирана модна комбинација.

5-vo-narednata-godina-tegetot-kje-bide-novata-crna-a-eve-kako-da-go-vkluchite-vo-vashite-modni-kombinacii-www.kafepauza.mk_

5. Тегетот одлично се комбинира и со белата и сивата боја, па токму со парчињата облека во овие бои ќе можете да ги надополните вашите тегет панталони и капут. Додајте и шешир за да добиете модерен и шик изглед и ќе ги освоите погледите без разлика каде и да се појавите.

6-vo-narednata-godina-tegetot-kje-bide-novata-crna-a-eve-kako-da-go-vkluchite-vo-vashite-modni-kombinacii-www.kafepauza.mk_

6. Бидете смели и заедно со тегетот искомбинирајте некоја впечатлива боја, како што е на пример, портокаловата. Ќе изгледате занимливо и егзотично!

7-vo-narednata-godina-tegetot-kje-bide-novata-crna-a-eve-kako-da-go-vkluchite-vo-vashite-modni-kombinacii-www.kafepauza.mk_

7. Уште една модна комбинација која е модерна, но и доста занимлива и соодветна за во канцеларија е тегет комплетот кој е освежен со ситни бели линии. Освежете ја целата комбинација со бели детали и со сигурност ќе бидете во тренд.

8-vo-narednata-godina-tegetot-kje-bide-novata-crna-a-eve-kako-da-go-vkluchite-vo-vashite-modni-kombinacii-www.kafepauza.mk_

8. И аксесоарите се важни! Одличен детаљ со кој ќе ги „зачините“ вашите секојдневни комбинации е симпатичната чанта во тегет нијанса која е збогатена со златни детали. Бидејќи, тегетот и златното се совршен спој.

9-vo-narednata-godina-tegetot-kje-bide-novata-crna-a-eve-kako-da-go-vkluchite-vo-vashite-modni-kombinacii-www.kafepauza.mk_

9. Интересниот тегет фустан во комбинација со бела кошула може да изгледа толку слатко и „школско“, а сепак, со неа да го доловите совршениот работен изглед.

10-vo-narednata-godina-tegetot-kje-bide-novata-crna-a-eve-kako-da-go-vkluchite-vo-vashite-modni-kombinacii-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар