Фотографот Сандро Касут живее во едно далечно швајцарско село каде што има неверојатен поглед кон галаксијата Андромеда. Селото Валс, со популација од само 990 жители е најдобрата локација на планетата Земја од каде што можете да ги набљудувате блиските соседи на Млечниот пат. Тоа е и причината поради која Касут и неговиот брат, Маркус, започнале да ја споделуваат својата љубов кон космичката уметност.
Фотографиите што ќе ги видите во продолжение, се снимани во текот на различни сезони и сите подеднакво ни даваат неверојатен поглед кон Андромеда во полн сјај. Таа е најголемата од кластерот галаксии познат како Локалната група (составен од 54 галаксии, меѓу кои и нашата) и се протега на површина од 220.000 светлосни години. Според истражувањата, таа ќе се судри со Млечниот пат за околу 4,5 милијарди години.
И покрај тоа што Андромеда е најблизу до нас, сепак зборуваме за оддалеченост од околу 2,5 милиони светлосни години. Сепак, леќите на Касут успеале да снимат дел од трилионите ѕвезди што се дел од Андромеда, а тоа совршено може да се доживее преку овие неверојатни фотографии. Уживајте!


