3 начини да ја искористите лутината во ваша корист

3 начини да ја искористите лутината во ваша корист

Лутината може да биде парализирачка емоција, особено во оние моменти кога е многу моќна, а вие немате никаква контрола над неа. Но, како и секоја друга емоција, без разлика дали е позитивна или негативна, таа може да се искористи за нешто добро. Во продолжение откријте како можете да ја трансформирате вашата лутина во нешто позитивно и да се инспирирате себеси да бидете подобра личност!

3 начини да ја искористите лутината во ваша корист

1. Искористете ја за да ги победите стравовите

Зошто сте толку лути? Ова прашање можеби има долг одговор, но тоа не значи дека не можете да ја свртите ситуацијата во ваша корист. Зошто да ѝ дозволите на лутината да ја преземе вашата душа? Ако размислите, оваа емоција многу често е маскиран страв. Не е важно за што се работи – страв од непознатото, страв од неуспех, страв од чувство на помала вредност… тоа може да ве одведе на многу темен пат.

Но, постои начин да ја искористите лутината така што со неа ќе ги нападнете стравовите. Наместо да се лутите себеси или на светот околу вас, едноставно насочете ја лутината кон стравот и соочете се со него. Налутете се на тоа што ве спречува да си ги остварите целите и искористете ја енергијата од оваа емоција за конечно да се изборите со стравот што ве парализира. Нема да биде лесно, но со доволно трпение ќе успеете!

2. Искористете ја за да си ги подобрите креативноста и решителноста

Секако, препознавањето на причината за вашата лутина не ги оправдува досегашните дела. Тоа само ја одзема моќта што лутината ја има над вас и вашите одлуки. Лутината, кога соодветно ќе се насочи, може да биде моќен мотиватор. Таа може да ви помогне да ја зацврстите решителноста и да ги надминете сите препреки што животот ќе ви ги постави на патот.

Не мора да се обидувате да ја победите, едноставно трансформирајте ја во нешто позитивно и креативно. Тоа може да биде нов начин за сработување на секојдневните работни задачи или пак, почеток на хоби што на долг рок ќе ја зголеми вашата креативност и ќе ви помогне да наоѓате покреативни решенија за проблемите.

3. Искористете ја за да инспирирате други луѓе да ви се приклучат на вашата кауза

Лутината е универзална емоција, и како таква може да ви помогне да соберете следбеници што ќе ве поддржат во вашата кауза. Наместо да се нервирате околу дадената ситуација, вие можете да ги здружите вашите сили и да создадете нов начин на кој ќе се справите со проблемите. Водени од заедничката лутина, ќе почувствувате соединување и ќе почнете да се водите по добро познатата изрека: „Две глави мислат подобро од една.“ Во вашиот случај можеби 3, 4, па дури и повеќе…

И за крај не заборавајте, вистина ќе ве ослободи, но најпрво ќе ве разлути! Прочитајте ги и овие 7 цитати на кои треба да се сетите кога сте лути.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. Ivanna Reply

    *Коментарот е модериран: Отстранет линк

    Ве молам не го бришете коментарот и одговорете ми. Каков писател сте Вие Моника? Писател кој обожава да копира текстови напишани од вистински писатели? Обожава да пишува… се сомневам во тоа! Дали еднаш ќе наидам на текст на вашата страна кој не е копиран од некаде?
    Andreasfox

    • Кафе пауза Reply

      Здраво Ивана,

      Најпрво благодариме за коментарот.

      Нашиот сајт користи многу различни извори како инспирација за пишување, но копирањето дефинитивно не е наш стил на работа, ниту пак тоа е возможно кога се работи за содржина напишана на друг јазик.

      Второ, текстот на англиски кој си го посочила е објавен два дена подоцна од нашиот, па евентуалниот превод што го нарекуваш копирање не е ни возможен. Возможна е само обратната варијанта. За нашиот текст е користен друг извор, чија содржина е изменета и прилагодена за нашата публика.

      Трето, најдовме и други наши текстови од збор до збор преведени од Кафе пауза на посочениот англиски сајт, па без да се налутиме, ќе кажеме дека сме среќни што ти служиме како инспирација за твојата работа.

      Четврто, жалиме што моравме да го отстраниме линкот наведен во коментарот, но таква е нашата уредувачка политика. Иако, една корисна напомена е дека вака интегрираните линкови не помагаат за подобро рангирање на пребарувачите.

      Многу успех,

      Тимот на Кафе пауза

Остави коментар