Човечката потсвест крие многу тајни. Ваквите тестови помагаат да се извлече она што човекот го крие длабоко во себе. Целта на овој тест е да се идентификува вашиот моментален поглед на животот. Погледнете ја фотографијата. Што прво забележувате на неа? Подолу се крие одговорот.
Ако забележавте:rn
Чешма:
rnВодата е симбол за емоции. Доколку сте здогледале како од чешмата тече вода, тогаш тоа значи дека немате проблеми со изразувањето на вашите чувства. Емоциите, како позитивните, така и негативните, полека „течат“ од вас, не запираат и не се насобираат. Во овој момент немате причина за каква било грижа, бидејќи кај вас сè е добро.rn
Птица:
rnПремногу се фокусирате на мислењето на другите. Зад ѕидовите на туѓите процени не се чувствувате себеси, својата срж. Размислете зошто го занемарувате вашето сопствено мислење и не се слушате себеси. Вие сте на себе најблиски. Префрлете го фокусот на себе и ќе ги забележите позитивните промени, бидејќи сè ќе тргне кон подобро. Здравиот егоизам е задолжителен, во извесна мера мора да е присутен кај секој човек.rn
Дрво:
rnВо овој момент малку сте незадоволни од вашиот живот и сакате да го промените на подобро. Нема ништо лошо во тоа. Меѓутоа, додека сте во потрага по задоволствата, постои ризик да го загубите она што веќе го имате. Размислете, дали е вредно за тоа?

