Најубавите цитати и песни од Џорџ Мајкл по кои засекогаш ќе остане запаметен

Најубавите цитати и песни од Џорџ Мајкл по кои засекогаш ќе остане запаметен

Во сите домови ширум светот вчера се слушаше песната „Last Christmas“, но никој не ни претпоставуваше дека човекот кој ја напишал и испеал таа песна ќе го напушти светот на живите токму на католичкиот Божиќ.

Најубавите цитати и песни од Џорџ Мајкл по кои засекогаш ќе остане запаметен

Легендарниот британски музичар Џорџ Мајкл ненадејно почина вчера на возраст од само 53 години. Во текот на неговата триесетгодишна кариера тој продал повеќе од 100 милиони албуми, а благодарение на неговите незаборавни хитови стана познат како икона на поп музиката. Со цел да оддадеме почит на оваа музичка легенда која прерано го изгуби животот, ние ги одбравме најпознатите цитати на Џорџ Мајкл кои го отсликуваат неговото мислење и став за љубовта, сексуалноста, кариерата и медиумите…

За љубовта…

Во текот на 1980-тите и 1990-тите се рашириле гласини дека Џорџ Мајкл е хомосексуалец. Во 1992 година тој дал брилијантен одговор на овие шпекулации со тоа што го потенцирал значењето на љубовта, а не на сексуалната определба.

„Никогаш нема да кажам дека сум геј. Никогаш не сум ја сметал мојата сексуалност за правилна или погрешна. За мене отсекогаш било најважно да ја пронајдам вистинската личност.“

„Никогаш нема да пронајдете внатрешен мир доколку не си го слушате срцето.“

За медиумите и откривањето на неговиот приватен живот во јавноста…

Во 2008 година по неговата прва турнеја низ Америка после многу години, Мајкл открил како неговиот приватен живот бил „насилно“ изложен во јавност, поради што неговата публика го доживувала како обичен човек со доблести и мани.

„Поради тоа што имав многу несогласувања со медиумите и законот, како и поради мрачните периоди низ кои минував, а беа изложени во јавност, бев принуден да откријам многу повеќе за себеси од кога било порано. Токму затоа, кога ќе излезев на сцена, луѓето гледаат целосна личност пред себе. Гледаа човек со доблести и мани. И тоа направи огромна разлика во моите настапи. Ги направи потопли и поинтимни. Апсолутно неверојатно!“

„Медиумите влијаат на општата свест многу повеќе одошто некои луѓе признаваат.“

„Благодарение на медиумите, луѓето го гледаат светот како место каде што ресурсите и времето полека ги снемува. Нѐ учат дека треба да грабнеме колку што можеме повеќе пред да исчезне сѐ. Како да нема време за емоции.“

Најубавите цитати и песни од Џорџ Мајкл по кои засекогаш ќе остане запаметен

За кариерата и славата…

Во едно интервју од 1987 година со британскиот водител Џонатан Рос, Мајкл зборувал за идејата дека не постои „безволна ѕвезда“. Признал дека му била потребна љубовта на јавноста како надоместок за сопствените слабости.

„Не постои нешто како безволна ѕвезда. Речиси секогаш, ѕвездите се луѓе кои се обидуваат да ги надоместат нивните слабости со помош на љубовта од јавноста и јас не сум исклучок од тоа правило.“

„Не сум заинтересиран за тоа да повторувам нечии претходни успеси.“

„Ја имам публиката што ја заслужувам. Односно, имам публика што ги претставува типовите луѓе кои ми се допаѓаат.“

„Го постигнав она што секој изведувач го посакува, а тоа е да се биде надживеан од своите дела.“

За отсуството на срам и сексуалноста…

Во 1998 година во едно интервју, Мајкл за прв пат јавно признал дека е хомосексуалец. Иако се чувствувал немоќно и беспомошно поради начинот на кој била откриена неговата сексуална определба, тој јасно дал до знаење дека воопшто не се срами поради тоа.

„Сакам да кажам дека немам проблем со тоа луѓето да знаат дека моментално сум во љубовна врска со маж. Воопшто не се срамам од тоа. Се чувствувам глупаво, несовесно и немоќно поради тоа што дозволив мојата сексуалност да биде откриена на овој начин. Но, не чувствувам никаков срам поради тоа.“

„Ако некој навистина сака да ве повреди, ќе најде начин да го стори тоа. Не сакам да живеам грижејќи се за такви работи.“

За музичката индустрија…

Мајкл имал цврст став за музичката индустрија и луѓето кои работат за неа.

„Целиот бизнис се заснова на его, суета, себичност и глупаво е да се преправаме дека не е така.“

„Ги гледам луѓето кои не покажуваат никаква креативност и си мислам дека сигурно е многу здодевно постојано да се создава едната иста работа. Ако чувствувате дека не постигнувате ништо ново, тогаш престанете со работа.“

Нема потреба да се каже дека Џорџ Мајкл е од големо значење за историскиот развој на поп музиката. Од таа причина, продолжете на следната страница за да ги слушнете неговите 10 најголеми хитови благодарение на кои несомнено е дека оваа музичка легенда ќе живее вечно…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар