Талентираната Лена Илиевска има само 6 години, а веќе успева да привлече поголемо внимание од музичките ѕвезди. Нејзиниот глас е толку неверојатен, што не постои сомнеж дека ја чека светла иднина во музичката кариера. И покрај тоа што е прво одделение и редовно ја следи наставата како и своите врсници, таа паралелно оди и на солфеш во државното музичко училиште за пеење Луј Николовски и учи да свири на гиталеле во Гитара Пет. Лена исто така знае да свири и на укулеле. Кога станува збор за музика, за неа не постојат граници!
Имајќи го ова на ум, воопшто не нè изненадува фактот дека младата талентирана Македонка ужива во пеењето и по цел ден вежба. Трудот без сомнение ѝ се исплати, бидејќи во следниве неколку видеа и самите ќе можете да видите дека таа е на вистинскиот пат да стане голема македонска музичка ѕвезда. Ве оставаме да уживате во прекрасниот глас на Лена Илиевска…rn
1. Somewhere Over the Rainbow
rnrn
2. Hit the Road Jack!
rnrn
3. Imagine
rn

