Вистински предизвик е да се освои жената во овој хороскопски знак: Таа е темпераментна и бунтовна

Вистински предизвик е да се освои жената во овој хороскопски знак: Таа е темпераментна и бунтовна

Импулсивна, слободоумна и забавна. Таа е бестрашен лидер, родена да биде главна, а токму поради тоа е и првиот знак во Зодијакот. Станува збор за жената Овен која со нејзината енергија, харизма и динамичност може да ги надмине сите останати 11 знаци.

Вистински предизвик е да се освои жената во овој хороскопски знак: Таа е темпераментна и бунтовна

Таа секогаш им се радува на новите предизвици, па затоа не е никакво изненадување тоа што жената Овен е ранобудник и одвај чека да го започне денот. Сепак, поради нејзината нетрпеливост таа неретко преминува на нов предизвик пред целосно да го заврши претходниот.

Вечен и непоколеблив оптимист, таа се бори за правата на другите, но и за нејзината иднина. Знае да биде многу разиграна и има голем авантуристички дух. Секогаш гледа напред и никогаш не се навраќа на минатото. Како и сите други, така и жената Овен има свои маани, а тоа се егоизмот, преголемата тврдоглавост и љубомората.

Таа е многу страсна во љубовта. Сака да презема иницијатива и да освојува. Освен тоа, обожава да докажува дека е во право и малите караници ѝ делуваат стимулативно. Таа е како магнет за спротивниот пол кој ја смета за многу возбудлива и интересна жена. Вистински предизвик е да се освои срцето на жената родена во овој знак.

Кога е заљубена таа се чувствува живо и тогаш сѐ во нејзиниот живот станува екстремно. Не сака да се чувствува потчинето во љубовната врска, но повременото покажување љубомора и посесивност ѝ ласка, бидејќи тоа за неа претставува доказ дека партнерот е свесен за нејзината вредност. Не ѝ е потребна романтика, но потребно ѝ е внимание од партнерот. Ако станува збор за љубов, сака работите да одат полека.

Како и во љубовта, така и во пријателството, жената Овен знае да биде вистинска бура: Во еден момент носи возбуда и хаос, за потоа ненадејно да исчезне. Пријателствата со припадниците на овој знак се многу интензивни дури и тогаш кога не траат долго, но жената Овен секогаш има вистински пријатели за цел живот. Сака да има широк круг на пријатели, бидејќи постојано ги менува интересите и не може секој да го следи нејзиното темпо.

Вистински предизвик е да се освои жената во овој хороскопски знак: Таа е темпераментна и бунтовна

Луѓето сакаат да бидат во нејзино друштво, поради дозата опасност и непредвидливост што ги носи со себе. Сепак, пријателите понекогаш не ја разбираат нејзината изразена независност и можат да станат љубоморни поради таа особина што ја поседува. Кога излегува, не ѝ треба цела толпа пријатели, туку доволни ѝ се две или три блиски личности кои размислуваат на сличен начин. Дружбата со Овните гарантира забава.

Таа има фокусиран поглед, нескротлива коса, високо изразено чело и малку агресивен став. Највпечатливиот дел од нејзиното тело е главата која најчесто е издолжена и широка во пределот на очите, но тесна кај брадата. Нејзин заштитен знак се впечатливите и густи веѓи. Вратот е исто така издолжен, а рамената силни и широки. Жените Овни се со просечна висина и прилично мускулесто тело. Очите им се кафеави или сиви и имаат многу добар тен.

Жените родени во овој знак обожаваат да привлекуваат внимание, а има ли подобар начин за тоа од огнената црвена боја, заштитната боја на Овенот?! Црвената боја ја одразува чистата и природна енергија што ја поседува Овенот. Тие сакаат облека „со став“ како што се светкавите и сјајните парчиња, а нивен заштитен камен е дијамантот кој е синоним за сила, невиност и чистота. Тоа се впрочем и главните карактеристики што ги отсликуваат Овните.

Жените Овни редовно вежбаат, бидејќи сакаат да бидат во форма. Одлично им прилега и спортскиот стил на облекување поради нивниот натпреварувачки дух. Обожаваат едноставни фризури кои нема да им одземат многу време.

По сите овие аргументи, не ни преостанува ништо друго освен да признаеме дека жените Овни се навистина фасцинантни и незаменливи!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар