8 видови облека кои прават вашиот стомак да изгледа поголем

Сподели

Облеката има моќ да залажува. Таа може да направи да изгледате послаби или пак, да ви додаде некој вишок килограм, особено кога станува збор за областа околу стомакот. Непријатните стилови облека не избираат дали сте мажи или жени, па затоа, осигурете се дека во вашиот плакар ги немате овие непријателски парчиња облека што може да направат вашиот стомак да изгледа поголем отколку што навистина е.rn

Реклама

1. Шорцеви со еластичен појас

rnШорцевите со еластичен појас може да му додадат повеќе килограми на вашиот стомак, а тука проблемот е материјалот кој создава повеќе волумен. Ако пак навистина сакате да ги носите, тогаш барајте модели кои имаат послаби еластични појаси и полесен материјал.rn

2. Панталони со фалти

rnФалтите на панталоните или здолништата доаѓаат и излегуваат од мода. Но, без разлика дали се популарни или не, тие не се добра идеја ако сакате да имате рамен стомак. Тие додаваат волумен на местата каде што не сакате, како што е областа на вашиот стомак и половината.rn

3. Хоризонтални ленти

rnСигурно веќе имате слушнато дека вертикалните линии се најдобри за да создадете впечаток на повисока и потенка фигура. Па, ако сакате вашиот стомак да изгледа помал, држете се настрана од хоризонталните ленти на кошулите, блузите и фустаните.rn

4. Големи дезени

rnИсто како и хоризонталните ленти, така и големите дезени нема да направат да изгледате добро, затоа што тие може визуелно да го прошират просторот што го опфаќаат, па така вашиот стомак ќе изгледа поголем отколку што навистина е. Ако морате да изберете дезени, одлучете се за некои помали.rn

5. Патенти, џебови и набори

rnИако овие работи може да бидат корисни и функционални, сепак, доколку можете без нив – избегнувајте ги. Тие може да го привлечат вниманието кон вашиот стомак на непријатен начин, затоа што најчесто прават оваа област да изгледа поголема отколку што навистина е.rn

6. Светкави материјали

rnСветкавите материјали или оние кои рефлектираат светлина, може да бидат ваш непријател кога станува збор за слабиот стомак. Најдобар пример за ова е сатенот. Иако може да ви изгледа убаво, сепак, тој ќе создаде погрешен впечаток за вашата фигура.rn

7. Широка облека

rnПонекогаш луѓето мислат дека со широката облека најдобро ќе може да ги сокријат проблемите околу областа на стомакот. Но, во реалноста се случува токму спротивното. Широката облека не само што не ги сокрива проблематичните делови, туку и ги нагласува истите.rn

8. Тесна облека

rnИсто така настојувајте да не носите и премногу тесна облека. Панталоните кои се премногу тесни околу половината ќе ви создадат непријатен ефект, а истото ќе го сторат и тесните блузи и кошули кои дополнително ќе го нагласуваат вашиот стомак. Затоа, изберете удобна облека со вистинската форма за вашето тело.

Популарно

Може ќе ве интересира