8 начини бремените жени да се справат со утринските мачнини

Сподели

Речиси 90% од жените се соочуваат со утрински мачнини во раните фази на бременоста. Тоа воопшто не е пријатно, но можете да преземете неколку чекори за да ги намалите овие ефекти. Погледнете ги овие 8 едноставни трикови што треба да ги примените кога ќе почнете да чувствувате дека ви се гади.rn

Реклама

1. Веднаш јадете нешто

rnВеднаш до креветот чувајте некоја мала ужина и полека почнете да грицкате штом ќе се разбудите. Со тоа што побрзо ќе ставите нешто во стомакот, ќе можете да го намалите гадењето.rn

2. Бидете хидрирани

rnКога повраќате, вие губите многу течности, па затоа е значајно истите да ги надополните. Хидрирањето ќе направи да се чувствувате подобро, па затоа, треба да пиете вода почесто во текот на денот.rn

3. Избегнувајте топли оброци

rnКога се наоѓате во период кога имате утрински мачнини, препорачливо е да се држите до студена храна или пак да престојувате во постудена соба. Топлата храна има посилна арома и мирис и тие се главна причина за гадење во раните фази на бременост.rn

4. Забележете што е она што ви предизвикува мачнини

rnКога станува збор за утринските мачнини, мирисот на некои работи може да направи да се чувствувате полошо. Затоа, забележете што е она што ви предизвикува гадење. Дали е тоа парфемот на вашиот партнер, мирисот на одредено јадење или пак нешто друго. Откако ќе го направите ова, обидете се истите да ги избегнувате што е можно повеќе.

Погледнете уште четири корисни начини на наредната страница…rn

Популарно

Може ќе ве интересира