3 моќни навики што ќе ви помогнат да останете будни во свет кој спие

3 моќни навики што ќе ви помогнат да останете будни во свет кој спие

Целта на материјалниот свет е да го одвлекува човечкото внимание од вистинските вредности во животот, па затоа во денешното општество многу е тешко да се напредува и да се постигне личен развој. Материјалните нешта се виновниците за појавата на лицемерието, бескрупулозноста и нечесноста. Луѓето се изолираат и оддалечуваат едни од други, наместо да се обидат да ја почувствуваат духовната врска што ги поврзува сите битија на овој свет. И покрај тоа, возможно е да се задржат моралните вредности и притоа да се постигне успех, но само доколку ги стекнете следниве 3 навики…

3 моќни навики што ќе ви помогнат да останете будни во свет кој спие

1. Учете

Читајте, истражувајте, прашувајте и бидете љубопитни. Кои теми ве интересираат? Денес е многу лесно да се дојде до посакуваните информации, само треба да изразите желба. Сепак, Интернетот не треба да е вашиот единствен извор на информации, бидејќи голем дел од нив се лажни. Најважно е да знаете да ја разликувате вистината од лагата. Колку повеќе работи дознавате и применувате, толку побрзо ќе можете да ја составите сложувалката на вашиот живот. Кога сѐ ќе се соедини во една целина, ќе можете да ја следите вашата интуиција која секогаш ќе ве води на правиот пат.

2. Споделувајте го вашето знаење

Поврзаноста е она што е заедничко за сите луѓе. Секогаш зборувајте од лично искуство. Разговарајте за нештата што сте ги дознале, преживеале и споделете ја вашата мудрост со оние кои сакаат да ја слушнат. Ќе доживеете голема среќа кога ќе пронајдете отворени луѓе во општество на затворени умови. Со слободоумните луѓе ќе можете да разговарате на секоја тема. Ако можете да го споделите вашето знаење, ќе добиете голема поддршка и ќе доживеете духовен напредок. Разговарајте со луѓето кои ги сакате, како и со оние кои ги делат вашите интереси без разлика дали ги познавате или не. Ослободете ја вашата позитивна енергија и пренесете ја на сите што ве опкружуваат. Постојат толку многу работи што вреди да се научат, но поубаво и позабавно е ако не истражувате сами, туку заедно со други луѓе.

3. Направете го светот подобро место за живеење

Направете нешто со вашиот ентузијазам и целото тоа знаење што го имате собрано! Најдете истомисленици и поставете ги темелите на новиот подобар свет. На овој начин ќе останете будни, но и ќе ги разбудите останатите луѓе кои постојано спијат. Што ве интересира? Каков белег сакате да оставите на Земјата? Сакате ли да го намалите загадувањето на воздухот? Неправдите во светот? Убивањето на животните? Колку повеќе го ширите вашето знаење, толку повеќе истомисленици ќе најдете кои сакаат да го направат истото што и вие.

Сите луѓе имаат душа полна со знаење и енергија, само некои треба да се разбудат и да го започнат остварувањето на сопствената цел. Прифаќајте нови идеи и споделувајте ги вашите. Само така ќе можете да ја одржите врската со другите луѓе која е суштински дел од секое човечко битие.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар