Родители и деца си ги менуваат главите
Уметничкиот директор Florian Schmucker, фотографот Paul Ripke и режисерот со прекар POP, составиле тим и направиле забавна дигитална уметничка серија фотографии со деца и родители, чии глави си ги имаат сменето местата. Барем така изгледа!
Тие оваа серија ја нарекле „Kindsköpfe“, што на германски значи „Возрасни“.
Фотографиите се обработени во Фотошоп, а добиениот резултат е доста необичен – бебешки и детски глави сместени на тела од возрасни и обратно, глава на возрасни луѓе, сместена на малечко детско тело.
Фотографиите се надреални, хумористични и препознатливи, а сигурни сме дека децата и возрасните луѓе, кои ја глумат улогата на нивни родители, одлично се забавувале во текот на снимањето и успешно ни го пренеле нивното расположение преку сликите.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.