Време е да започнете да живеете самостојно: 10 работи што треба да се најдат во вашиот прв дом
Иселувањето од родителскиот дом е голем чекор напред. Освен што, во некоја смисла, претставува олеснување, исто така буди свесност дека деновите со постери на ѕидовите и истутканата облека фрлена во гардероберот се далеку зад вас. Првиот дом на личноста која е постара од 20 години е потполно нов терен за декорирање и сериозно размислување кога е во прашање купувањето на мебелот кој би го исполнил тој терен. Ви ги претставуваме десетте најнеопходни работи кој вашиот прв „дом за возрасни“ би требало да ги содржи.
1. Голем кревет
Повеќе нема да морате да го ограничувате вашето тело со мал душек и дојде време кога ќе сфатите колку спиењето е важен аспект од животот на секоја вработена личност. Несомнено сега ви е потребен многу поквалитетен сон отколку кога ноќите сте ги поминувале по студентски журки. И тоа е сосема во ред, големиот кревет претставува голем напредок.
2. Сериозно уметничко дело
Размислете за пензионирањето на вашите средношколски постери и инвестирајте пари во вашето прво сериозно уметничко дело. „Сериозното дело“ секако не значи и сериозна сума пари која би морале да ја издвоите за него. Тоа може да претставува квалитетна копија што можете да ја пронајдете на Интернет, фотографија од вашиот талентиран пријател или слика што сте ја добиле на подарок од вашиот сосед кој поседува галерија. Само измислете нешто интересно и обидете се да го урамите.
3. Модерна полица за книги
Време е да престанете да размислувате за полиците за книги како нешто што претставува функционално место каде што можете да ги оставите вашите студентски книги, и започнете да ги гледате како нешто што го одржува вашиот личен стил. Замешајте ги вашите прсти во дизајнот, во начинот на сложување на книгите, рамките за фотографиите или малите објекти. Малото уметничко ангажирање може да ве одведе далеку, забавувајте се!
4. Кауч на развлекување
Поголемиот број дваесетгодишници не се благословни да поседуваат две спални соби по завршувањето на студиите. Малиот кауч за попладневен одмор е одличен избор кога е во прашање вистинско вложување во сопствениот стан, бидејќи тој не претставува само можност за дополнителен простор за неочекуваните гости, туку и нешто кое може убаво да се вклопи во амбиентот на дневната соба која повикува на одмор и релаксирање после стресниот работен ден.
5. Модерна масичка за кафе
Дури и пред да се „фрлите“ на купување на трпезариска маса, стилската масичка за кафе би можела да биде високо на вашата листа со приоритети за купување. Таа може да ви овозможи поголем дополнителен простор, потпирач за нозе или место на кое ќе можете да испиете или да изедете нешто тогаш кога ќе се соберете со пријателите.
6. Дизајниран теписон
Теписонот со интересен дизајн може да претставува лесен начин да внесете малку живот во просториите во кои преовладуваат тмурни или еднолични бои, особено тогаш кога сопствениците од вас бараат да не ги бојадисувате ѕидовите. Тие всушност можат визуелно да ја прошират просторијата, но и да направат чудо кога се во прашање завршните детали кои ќе ги внесете во собата. Уште еден плус е тоа што многумина од вашите гости со сигурност некогаш ќе изберат да седнат токму на тој дизајниран тепих наместо на мекиот кауч. И тоа е задоволство.
7. Дрвени закачалки
Сега кога имате вистински гардеробер, зошто не би издвоиле малку време за да се погрижите и она што се наоѓа внатре во него да биде во склад? Првиот чекор во организирањето на гардероберот е купувањето на квалитетни, дрвени закачалки.
8. Кујнска штица за сечење
Една од најдобрите работи кога се во прашање дваесеттите и вселувањето во нов стан е повикувањето гости. Би требало секогаш да бидете подготвени и да имате во фрижидерот нешто со што ќе можете да направите закуска. Во тие случаи, кујнската штица за сечење е нешто што би било многу корисно да го имате. Не само што ќе ги импресионирате луѓето кои сте ги собрале, туку и самата декорација ќе изгледа подобро од обична чинија полна со чипс.
9. Чаши за вино
Уште еден императив кога се забавите во прашање се чашите за вино. Класичните верзии се идеални, бидејќи освен што нема да изгледа дека се трудите премногу, тие може да бидат корисни и за некои други, безалкохолни напивки кои ќе ги пиете и кога вашите гости ќе заминат.
10. Апарат за кафе
Кафето претставува нешто што е од суштинско значење за функционирање на поголемиот број луѓе. За оние кои се свесни за трошење пари за кафе кое го купуваат на пат кон канцеларијата, најдобро би било да вложат пари во нешто што ќе се исплати на подолг временски период. Апаратот за кафе не е само практична опција за правење сопствена кофеинска напивка, туку и убав детаљ кој може да се најде на вашата кујнска маса.