КАФЕ ПАУЗА

Музичка плејлиста: 10-те најдобри песни на Битлси

Written by

in

Всушност, невозможно е сите песни на Битлси да ги сведеме само на десет најдобри. Тие не се каков било бенд, туку бенд кој засекогаш го промени лицето на поп музиката, докажувајќи дека може да биде заразна и интелигентна во исто време. За помалку од една деценија, тие имале 20 број 1 хитови и 11 студиски плочи кои содржат голем дел од нивниот материјал. За толку влијателен бенд, тешко е да се изберат 10-те најдобри песни, но сепак, овде ќе се обидеме да составиме листа по хронолошки редослед.rnrnМузичка плејлиста: 10 најдобри песни на Битлсиrnrn

1. I Saw Her Standing There

rnrnКаков начин за да го започнат нивниот прв албум! Оваа песна е исполнета со заразна енергија и возбудлива мелодија што може да произлезе само од прекрасниот тим текстописци, Пол Макартни и Џон Ленон. Станува збор за младешка песна за љубовта и страста и преку неа најдобро може да се видат младите Битлси за време на нивните рани концерти во Ливерпул.rnrnhttps://www.youtube.com/embed/uZMQU4c1pEgrnrn

2. I’ve Just Seen a Face

rnrnПол Макартни среќно пее за новооткриената љубов која се чини дека ќе трае, песна на која ѝ недостасува неговата вообичаена бас гитара. Тоа придонесува за кантри-фолк чувство, не само во песната, туку и во целиот албум.rnrnhttps://www.youtube.com/embed/ZBKguCMKjCArnrn

3. In My Life

rnrnОваа песна е пример за емоционалноста која е присутна кај овој бенд. Вокалот на Ленон алудира на доживотна љубов, додека се присетува на љубовта, местата и спомените, универзално чувство кое Ленон самиот го нарекол негово прво вистинско големо работно дело во едно интервју во 1980 година.rnrnhttps://www.youtube.com/embed/HEE-30FSNJYrnrn

4. Tomorrow Never Knows

rnrnОваа песна покажува колку далеку може да стигне бендот со своите експерименти: Филтрирани гласови, соло гитара во позадина, текст кој ја цитира тибетската книга на смртта, неправилни удари на тапан, неправилен ситар. Сето ова денес звучи како нереално и опивно, но бидејќи станува збор за Битлси, тоа сѐ уште е привлечно.rnrnhttps://www.youtube.com/embed/7UjvdZm-Tu8rnrn

5. A Day in the Life

rnrnЗа многумина, ова е најдобрата песна на Битлси, а и со добра причина. Оваа е најзначајната песна каде што бендот експериментира со структурирање на песната, слушајќи ги стиховите на Ленон за смртта во медиумите и сето тоа поврзувајќи го со оркестрите. Ова се Битлси во нивното најавантуристичко издание, каде што ја користат слободата на студиото за да се обидат со нови работи и да ја воздигнат нивната музика кон поп уметност.rnrnhttps://www.youtube.com/embed/usNsCeOV4GMrnrn

6. I am the Walrus

rnrnПонекогаш песните на Битлси содржат измешани зборови. Ленон го напишал текстот откако дознал дека во неговото старо училиште имало ученици кои го анализираат значењето на текстовите на песните на Битлси, па одлучил да им даде нешто што било речиси невозможно да се анализира, а истовремено има и поезија во неговите зборови.rnrnhttps://www.youtube.com/embed/UKIs1J_nB4Arnrn

7. Hey Jude

rnrnСлушајте со свежи уши и уште еднаш ќе се вплеткате во едно од можеби најголемите достигнувања на Пол како текстописец и вокал. Ова чувство, напишано како утеха за синот на Ленон, Џулиан, за време на разводот на неговите родители, истовремено нуди и удобност и возбудување, во голем дел благодарејќи на пијаното.rnrnhttps://www.youtube.com/embed/A_MjCqQoLLArnrn

8. Happiness is a Warm Gun

rnrnСпоред Ленон, оваа песна изгледа како да ги надминува сите видови рок музика. Секој дел се вклопува совршено, создавајќи песна која го предизвикува слушателот со шифрирани текстови и изненадувачки промени.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=8rTb_ghUbtgrnrn

9. The Abbey Road Medley

rnrnНамерата на Битлси била Abbey Road да биде нивен последен албум, па втората половина ја оставиле за нивните експерименти во студиото. Всушност, тие склопиле неколку делумни песни, повториле некои музички делови и завршиле со инструментален дел којшто му дава можност да блесне на секој член на бендот.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=dcv1EFoaX-8rnrn

10. I’ve Got a Feeling

rnrnОваа песна е еден вид освежување која им дава можност и на Ленон и на Макартни да пеат свој рефрен, а придружувани од гитара, тие создаваат прекрасна атмосфера. Нивните вокали се во најдобра форма, а електричното пијано на Били Престон ѝ дава на песната вкус како од седумдесеттите години.rnrnhttps://www.youtube.com/embed/wxHy2D9nyA4