Направете сами: 10 интересни начини старите џемпери да ги претворите во нешто ново
Џемперите застаруваат, ви стануваат мали или пак се променува модата, но тоа не значи дека треба да ги фрлите. Овозможете им нов живот така што ќе ги претворите во нешто сосема друго. Во продолжение погледнете неколку идеи.
1. Зимски свеќници
Замотајте дел од стариот џемпер околу обичниот стаклен свеќник или тегла и ќе имате прекрасна атмосфера. Најдобро е за оваа намена да ги искористите ракавите.
2. Перници
Наместо да го фрлите, стариот омилен џемпер претворете го во нова, мека перница. Ова е едноставен процес, а ќе ви овозможи голема удобност.
3. Ракавици
Ракавиците се уште еден лесен, но корисен начин да ја рециклирате старата облека. Со помош на машина за шиење, вие брзо ќе имате нов пар ракавици кои ќе ве затоплуваат оваа зима.
4. Абажур
Дури и најобичната ламба можете да ја претворите во атрактивна и уникатна ако го „облечете“ абажурот во плетен џемпер. Доволно е да сошиете едно парче кое ќе одговара за посакуваното место.
5. Чување топол пијалак
Овој украсен детаљ ќе ви овозможи да го сочувате топол пијалакот во чашата. Исечете едно парче од џемперот, а на крајот ставете копче за да може лесно да се закачува.
6. Обложување на кутија
Оваа интересна кутија за складирање е направена од обичен картон и стар џемпер. Додајте ѝ и неколку детали за да ја украсите.
7. Пакување за пијалак
Наместо во хартиена кеса, подарете шише пијалак во уникатно пакување. Искористете го ракавот од џемперот за да го обложите шишето, ставете украсни детали и ќе бидете подготвени.
8. Мини новогодишни елки
Нема подобро време за рециклирање од празниците, кога можете да заштедите и некој денар ако самите направите декорации за вашата куќа.
9. Уникатни нараквици
Не само што со нив ќе привлечете внимание, туку со самото тоа што се обложени со материјал, тие се многу удобни за носење.
10. Грејачи за нозе
Многу едноставно ќе ги направите овие грејачи за нозе од двата ракави на стариот џемпер. Исто така ќе ви бидат потребни и две украсни ленти кои ќе ги ставите на долниот дел.