Ништо друго на светот не може да ги замени родителските грижа, внимание и љубов. Врската помеѓу родителите и децата е силна и нераскинлива, а тие се потребни во секоја фаза од животот. Но, за жал, понекогаш личностите се соочуваат со нивна загуба, која остава траен белег во нивниот живот. Еве кои мали нешта им недостигаат на оние кои имаат изгубено родител.
rn
1. Нивните прегратки
rnРодителите имаат способност да ја одземат болката која ве опседнала. Така, ќе ви недостига начинот на кој тие ве прегрнуваат кога сте вознемирени и нивната грижа во сите аспекти од вашиот живот.rn
2. Нивните насоки
rnРодителите секогаш знаат што да ви кажат. Без разлика на ситуацијата и без оглед на тоа низ што поминувате, тие знаат како да ве насочат.rn
3. Нивната удобност
rnИмајќи ги крај себе родителите за кога ќе ви затреба што било, е голем луксуз. Добро е да знаете дека покрај себе секогаш имате некого покрај кој ќе се чувствувате удобно и заштитено.rn
4. Нивниот глас
rnЌе ви недостига нивниот глас и нивните повици. Во такви моменти би сториле сѐ за да ги слушнете повторно.
rn
5. Прекарите кои тие ви ги доделувале
rnБез разлика колку години и да имате, родителите секогаш може да ве нарекуваат со некои симпатични прекари кои само вие ги разбирате.rn
6. Нивниот мирис
rnМирисот на родителите потсетува на дом. Токму тој мирис ќе го препознавате и понатаму и секогаш ќе ве потсетува на заедничките моменти.rn
7. Нивното пријателство
rnНиту една личност на светот не може да се спореди со родителите. Тие се најдобрите пријатели кои некогаш ќе ги имате. Тие нудат поддршка, разбирање и утеха, а со нив можете да зборувате секогаш кога ќе посакате.

