Нацртајте човек на дожд: Тест кој може да открие многу работи за вас кои ниту самите не сте ги знаеле

Сподели

Психолозите веруваат дека е можно да се оценат различни подрачја од потсвеста, како што се стравови, соништа и главните особини на личноста во целост. Дизајнираните техники на личноста, особено може да анализираат како некој реагира на одредени ситуации низ цртеж. Затоа ние ве повикуваме да откриете што вашиот цртеж зборува за вас. Ќе морате да нацртате личност на дожд. Тестот ќе го открие вашиот став кон толеранцијата, притисокот и фрустрацијата, вашите одбранбени механизми и нивото на анксиозност.

Реклама

За намените на ова испитување, треба да нацртате човек на дожд и да измислите приказна. Главната цел е да добиете информации за вашата личност низ сликата на човек што е во одредена незгодна околност. Епа ајде, земете молив и хартија и препуштете се на вашата креативност. И кога ќе завршите, продолжете со читање.

Па, што ќе се анализира на вашиот цртеж?rn

Ориентација на цртежот:

rnНа десната страна: Ако личноста на вашиот цртеж се наоѓа на десната страна, тоа ја покажува вашата желба да растете професионално и вашата доверба во она што ќе се случи во иднина.

На левата страна: Ако личноста се наоѓа на левата страна на цртежот, тоа го покажува вашиот песимистичен став и дека нешто од минатото ве спречува да бидете среќни во иднина.

Во средина: Ако вашата личност го зазема средниот дел до цртежот, тоа значи дека сте натпреварувачки тип.rn

Чадор:

rnБез чадор: Тоа укажува дека вие немате заштитни механизми и ресурси за борба во тешките животни ситуации.

Голем чадор кој ја прекрива целата личност: Значи дека сте многу одбранбен тип на личност, на која секогаш ѝ треба заштита, а преферира изолација.

Рачен чадор: Постојано ви треба поддршка и однапред подготвен акциски план, дури и ако знаете дека нема да ви биде потребен.rn

Човечки лик:

rnПоглед нанапред: Способност да се соочите со тешките ситуации.

Профил: Желба да се избегнат нејасните ситуации.

Завртен со грб: Потреба да се помине незабележано.rn

Големина на цртежот:

rnМал човек: Скромност, несигурност, чувство на помала вредност, ниска самопочит.

Голем човек: Потреба да се биде признат, склоност кон тишина.rn

Како сте ја цртале сликата?

rnНајчест начин е да започнете од главата на личноста и да завршите со дождот. Меѓутоа…

Ако сте започнале од нозете: Тогаш тоа покажува дека имате тенденција да изберете погрешен начин за решавање на своите проблеми.

Ако сте започнале од чадорот: Тоа може да биде знак на прекумерен одбранбен став.rn

Се движи ли личноста на цртежот?

rnАко личноста стои мирно: Тоа покажува дека сакате да се заштитите од околниот свет и дека имате некакви проблеми со прилагодувањето.

Ако личноста оди: Тоа значи дека знаете каде одите со вашиот живот.

Бидејќи секој цртеж е единствен и интерпретациите се разликуваат од личност до личност, тестот обично се применува и интерпретира од страна на стручна личност.

Популарно

Може ќе ве интересира