Дали пишувате со лева или десна рака, за експертите е важен податок, бидејќи врз основа на тоа може да одредат три важни особини за вас. Прочитајте во продолжение за што станува збор…
rn
Кој заработува повеќе?
rnНаучници при Универзитетот Харвард во 2014 година спровеле истражување кое покажало дека раката со која пишувате создава големи разлики на финансиско поле. Луѓето што пишуваат со лева рака годишно заработуваат од 10 до 20 проценти помалку од оние кои што пишуваат со десна рака.rn
Кој е физички поспремен?
rnСпоменатите резултати во заработката за оние кои што пишуваат со лева рака може да се исправат доколку тие се занимаваат со некој спорт, бидејќи тие се понадарени за тоа. Леваците се особено талентирани за тенис, бокс и бејзбол. Занимливо е тоа што Рафаел Надал пишува со десна рака, но неговиот тренер и роднина Тони Надал од мал го научил да игра со лева рака, бидејќи знаел дека ова е исклучително важно за овој спорт.rn
Кој е поимпулсивен?
rnЛичностите кои пишуваат со десна, односно лева рака, се разликуваат и на полето на самокритиката. Првата група многу помалку размислува за грешките и многу повеќе е импулсивна. Другата група на луѓе е многу самокритична и секогаш ги преиспитува своите постапки.

