Неколку знаци што покажуваат дека имате претерано добра душа
Луѓето се многу комплицирани суштества. Животните, на пример, ако им се спие – спијат, ако им се јаде – јадат, ако сакаат да се размножуваат – се размножуваат. На животните не им е гајле колку е часот, каква е храната што ја јадат, што ќе прават за 30 години и дали партнерот ќе ги изневери.
Но, луѓето имаат разум и поради тоа многу се грижат за времето што поминува. Тоа ниво на свест нѐ прави свесни за нашето постоење во времето и просторот. Ние сме свесни за минатото, сегашноста и иднината. Токму затоа, секој од нас има своја приказна, карактерни особини, начин на однесување, доблести и мани, таленти, знаење и искуства.
Помеѓу приказната од нашето минато и сликата за тоа какви би сакале да бидеме во иднина, се наоѓа нашето его. Добро е да се има здраво его. Тоа нѐ издвојува од останатите и ни помага да напредуваме во иднина. За да можеме да ја планираме иднината мора да бидеме свесни за тоа кои сме и што сакаме. Меѓутоа, постои нешто што ни го попречува напредокот, а произлегува од нашата несигурност. Тоа е грижата за туѓото мислење. Со цел да го скриеме фактот дека немаме самодоверба, ние сакаме да бидеме прифатени од сите луѓе кои нѐ опкружуваат. Ние бараме бегство од суштинскиот проблем што е производ на нашата слабост.
Доколку сакате сите да имаат позитивно мислење за вас, постои голема веројатност дека постојано им помагате на луѓето, се однесувате примерно и секогаш ги ставате другите пред себе. Суровата реалност е дека на овој начин само си наштетувате. Се обидувате да ги спасите сите луѓе додека вам ви треба вистинската помош. Единствената личност која може да ви помогне е презафатена со тоа што им помага на останатите, а тоа сте вие самите.
Целта на нашиот ум е да ни овозможи да ја потрошиме енергијата на најефикасен начин. Доколку сте премногу добродушни, тоа значи дека не ја трошите вашата енергија продуктивно. Ако се пронајдете во следниве неколку примери, тоа е доказ дека имате претерано добра душа…
1. Чувствувате дека постојано се жртвувате за другите.
2. Ги заборавате лошите работи што луѓето ви ги направиле и сѐ уште се дружите со нив, иако знаете дека не ве почитуваат.
3. Секогаш ги ставате другите пред себе.
4. Премногу често ги преминувате вашите граници за други луѓе.
5. Сметате дека не заслужувате љубов и кога некој ќе направи нешто убаво за вас, вие возвраќате со двојно повеќе љубов.
6. Не си го браните вашиот став.
Како да не бидете толку добродушни?
Ако им помагате на другите само затоа што сакате тие да ве сметаат за добра личност, вие правите добрини бидејќи очекувате нешто за возврат. Очекувате да бидете наградени од луѓето, универзумот, Господ или што било друго, затоа што сте биле добар човек. Но, работите не функционираат така.
Луѓето чија добрина е автентична знаат кому му треба нивната помош. Самиот чин на помагање е награда. Мора прво да си помогнете себеси за да стигнете до ова ниво на свесност. Кога ќе почнете да се почитувате себеси и да се сметате за личност која заслужува љубов, ќе почувствувате слобода да го правите она што го сакате, а не она што ќе ве претвори во добар човек.
На тој начин, ќе можете слободно да се претставувате себеси во вистинско светло и ќе станете свесни за вашата вредност. Нема да ви треба ничие одобрување или позитивно мислење. Доброто и злото се идеи создадени од егото. Но, вие можете да го надминете вашето его. Вие сте тоа што сте и нема потреба од понатамошно комплицирање на работите. Само бидете свои!
Bravo!