Магијата на белата блуза се крие во нејзината можност да се носи секогаш и секаде, без разлика за каква прилика станува збор, без да го жртвувате вашиот стил и удобност. Но, ова безвремено парче облека не мора да го носите само со фармерки и едноставни парчиња облека, туку таа може да го унапреди вашиот стил, а целокупната комбинација да ја направи совршена за вечерни излегувања, некои прослави, па и за празничните денови и прослави кои набргу ни пристигаат.rnrn
rnrn1. Секако, белата блуза и фармерките секогаш ќе бидат најдобри пријатели, сè додека постои и едното и другото. Но, за да ја „зачините“ оваа комбинација нема да ви биде потребно многу. Додајте сако во некоја јака боја и мала чанта и вие сте подготвени за пијалак со другарките или на вечера во некој отмен ресторан.rnrn
rnrn2. Доколку планирате вечерно излегување, повторно ваш избор нека биде белата блуза, а и самите ќе сфатите дека тоа е најдобро. Комбинирајте ја заедно со здолниште кое е прекриено со светки или пак во некоја металик боја, што е вистински тренд кој ги освои девојките ширум светот. Надополнете ја оваа комбинација со вашите омилени потпетици и ќе изгледате совршено и спремно за забава до зори.rnrn
rnrn3. Во последно време кај многубројни дами кои ги следат модните трендови и кои самите ги смислуваат, можевме да забележиме еден доста занимлив начин на носење на белата блуза. Врз долгиот, елегантен фустан, можете да облечете еден обична блуза која на струкот ќе ја заврзете во јазол. Резултатот е лежерен и модерен изглед.rnrn
rnrn4. Белата блуза можете да ја носете во комбинација со шорцеви и кожна јакна, а овој стил секогаш е добар и впечатлив. Со оглед на тоа дека сега надвор е ладно, под шорцевите можете да облечете хулахопки или хеланки. Со оваа комбинација ќе бидете подготвени за која било прилика.rnrn
rnrn5. Кога сме веќе кај хеланките, не смееме да ги заборавиме оние кои веќе некое време се на врвот на трендовите, односно кожните хеланки. Комбинацијата од кожни хеланки, бела блуза, кожна јакна или бунда и чизми до глуждовите, со сигурност ќе направи да изгледате како вистинска девојка со стил.rnrn
rnrn6. Измешајте ги стиловите, односно употребете ја белата блуза во сето тоа. Еден нежен, романтичен фустан, под кој ќе облечете бела блуза со ракави, а ќе ја надополните со војничка јакна и чизми до колена, ќе ви дадат стил каков што носат модните блогерки шриум светот.rnrn
rnrn7. Уште една комбинација со ова парче облека е секако онаа комбинација со широки, машки фармерки. Секако, за да ја направите оваа комбинација впечатлива и урбана, облечете некој занимлив капут и чизми до глуждови, и така ќе покажете еден моден вкус и стил кој ќе посакаат сите да го „ископираат“.rnrn
rn
Освежете ја вашата модна комбинација со помош на бела блуза
