Бјути лекции од Селма Хајек: Малите трикови на славната убавица кои се заслужни за нејзиниот совршено негуван изглед

Бјути лекции од Селма Хајек: Малите трикови на славната убавица кои се заслужни за нејзиниот совршено негуван изглед

Атрактивната актерка Селма Хајек се смета за една од најзгодните дами во Холивуд и иако неодамна наполни 50 години, таа и понатаму е во неверојатна форма. Доволен е само еден краток поглед на нејзиниот живот, за да се види дека Селма води еден доста возбудлив и динамичен живот, кој наликува на некоја меѓународна тура. Иако постојано патува низ светот, особено на релацијата Лос Анџелес – Лондон, каде што живее со својот сопруг Франсоа-Анри Пино и ќерката Валентина, убавата актерка лесно се движи низ животот, полна со енергија и елан. Секако, и со убавина. Како што вели таа, за здрав сјај заслужен е добриот сон, но и цел прибор од кармини, руменила, бронзери, серуми за лице, шампони и други препарати кои се наменети за нега. Во продолжение ви ги споделуваме нејзините шест основни бјути навики.

1-bjuti-lekcii-od-selma-hajek-malite-trikovi-na-slavnata-ubavica-koi-se-zasluzhni-za-nejziniot-sovrsheno-neguvan-izgled-www.kafepauza.mk_

1. Претворете го секој момент во тренинг

„Немам многу време за фитнес, но моите денови се многу активни така што научив да ја искористам секоја секунда. Во Лондон работев со жена која ме научи како постојано да го држам своето тело во позиција која го затегнува исто како да вежбам, па дури и додека ги мијам забите. Можете да ги миете вашите заби со некој опуштен, незадолжителен став или пак, на овој начин кој подразбира да стоите рамно и исправено со лактите во висина на рамената. Иако ова на прв поглед не ви изгледа како ефикасно, сепак морам да признам дека ова навистина го трансформира моето тело. Притоа, важно е да бидете свесни за вашето држење на телото – немојте да се потпирате на колената кога се качувате, туку на вашите бутови. Немојте да губите ниту една минута.“

2. Чистете го лицето во вистинското време

„Најважното бјути правило се крие во ова: Секогаш мијте го вашето лице пред да одите на спиење. Многу е важно да го чистите навечер. Јас користам средство за чистење на база на камилица, ако претходно не сум носела шминка, а на база на масло доколку имам шминка на своето лице, бидејќи тоа најдобро ја отстранува целата нечистотија.

Правило број два: Никогаш не го мијте вашето лице наутро. Вашата кожа се регенерира и ги надокнадува сите работи кои ѝ недостасуваат во текот на ноќта, кога спиете. Тогаш се регулира pH балансот, се произведува масло, колаген, односно сето она што ѝ е потребно. Потоа вие ќе се разбудите и ќе го измиете лицето? Заборавете на тоа. Мојата мајка ме научи на ова.“

3. Тестирајте ја вашата хидратантна крема за лице

„За да пронајдам добра крема за лице, секогаш правам еден тест: Со оглед на тоа дека често патувам од Лос Анџелес во Европа, пред летот ставам крема, и доколку мојата кожа го „преживее“ тоа патување, тогаш тоа е фантастична крема.

Исто така, пронајдов состојка која е наречена – tepezcohuite (мимоза хостилис), состојка која што се користи во мексиканските болници за регенерација на оштетената и воспалена кожа, па затоа со сигурност тврдам дека одлично ја оправува. Обично ја нанесувам ова крема во текот на летот, и мојата кожа изгледа фантастично и откако ќе пристигнам на мојата дестинација.“

2-bjuti-lekcii-od-selma-hajek-malite-trikovi-na-slavnata-ubavica-koi-se-zasluzhni-za-nejziniot-sovrsheno-neguvan-izgled-www.kafepauza.mk_

4. Фризура после вториот ден? Големо да!

„Мојата коса е многу кадрава, па понекогаш најдобриот ден е оној по стилизацијата, а не е невообичаено дури и третиот ден. Честопати користам спреј за текстура како замена за сув шампон, и тогаш мојата коса повторно изгледа свежо и сјајно.“

5. Користете повеќе видови на парфеми

„Вашиот парфем секогаш би требало да се совпаѓа со вашето расположение, односно не треба да се ограничите на само еден. Моментално користам ‘Bottega Veneta’ со името ‘Knot’, што е навистина освежувачки и елегантен. Кога сакам нешто посекси и мистериозно, тогаш го избирам ‘Narciso Rodriguez, For He’. Сè зависи од тоа како се чувствувам во тој момент.“

6. Научете да го контурирате вашето лице

„Морам да признам дека често користам шминка. Не секојдневно, бидејќи се обидувам да ја заштитам својата кожа и да ѝ пружам одмор, но кога се шминкам, тогаш се обидувам да го прекријам своето лице со пудра, но и да го контурирам за да ги прикријам ситните недостатоци. Лично, сакам да користам пудра која изгледа природно, како подлога. Потоа додавам руменило, кое секогаш го поправа целиот изглед.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар