Убавината на луѓето албино навистина хипнотизира. Толку е чиста и неверојатна што ќе направи да добиете впечаток дека гледате во ликови од некои волшебни бајки. Токму нивната убавина ја инспирирала Јулиа Таиц, фотографка која обожава да создава нови фантастични светови преку нејзиното дело и уметност.rnrnЗохарrnrnИако таа претежно работи со Фотошоп, вели дека ова искуство било посебно, бидејќи можела да направи прекрасни фотографии без да ги обработи во Фотошоп. Убавината прикажана на фотографиите е навистина чиста и природна. Сите фотографии се направени во бели тонови, без дополнително боење. На овој начин таа докажала дека белата не е само една боја, туку има многу нијанси и прекрасни тонови.rnrnСахарrnrnФотографката вели дека за време на овој проект таа имала можност да запознае неверојатни луѓе. Особена мотивација ѝ претставувала поддршката од моделите и родителите, без чија помош не би можела да го реализира овој проект. Нивната страст и храброст го прави проектот уште поуникатен.rnrnПогледнете ги овие прекрасни фотографии кои совршено ја претставуваат волшебната убавина на албино луѓето и кои ќе ве одведат во некој друг свет…rnrn